Емили Ратајковски се разведува од сопругот по 4 години брак и гласини за неверство – факти за нивната љубовна врска
- Детали
- вторник, 19 јули 2022
Беа само неколку недели во врска, пред да застанат пред олтар, а по само 4 години брак и едно заедничко дете, моделот и дизајнерката Емили Ратајковски се разведува од сопругот Себастијан Беар Меклард.
Манекенката и модна дизајнерка Емили Ратајковски, во 2018-та година, по само неколку недели врска одлучи да стапи во брак со актерот и продуцент Себастијан Беар Меклард (34), а заедно го добија синот Силвестер (1).
Тие честопати беа фотографирани како заедно шетаат со синот низ улиците на Њујорк, но според написите во голем број таблоиди, во приватноста нештата не биле во најдобар ред, заради што Емили одлучила да поднесе документи за развод.
Page Six, повикувајќи се на сопствени извори пишува дека актерот постојано ја изневерувал манекенката, заради што парот одлучил да се раздели.
Гласините за развод започнаа откако Емили беше забележана како го шета кучето во јавност без бурмата, а манекенката засега не се огласила за разводот.
Во продолжение неколку интересни факти за нивната врска:
Во февруари 2018-та година Емили Ратајковски ја изненади јавноста со вестите дека влегла во граѓански брак со Себастијан Беар Меклард, по само неколку недели врска.
Интересно е што Емрата стапи во брак со сопругот само неколку недели откако раскина со долгогодишното момче Џеф Магид.
„За целата свадба размислував само околу 30 секунди“ – рече Емили во една прилика и рече дека нејзиниот сопруг ја запросил без прстен додека биле во таверна, а ѝ направил прстен од спојувалка што се нашла на масата.
Подоцна таа се пофали со веренички прстен со два дијаманти, кој го дизајнирале заедно со сопругот и е рачно изработен.
Таа тврдеше дека тој е добар сопруг, но рече дека ѝ пречи тоа што не бил доволно добар сопруг за на Инстаграм, затоа што не сакал постојано да се фотографира со неа.
На коментарите за брзата венчавка Емили рече дека претходно се познавале две години и дека воопшто не избрзале со одлуката за брак, а во медиумите се појавија шпекулации дека нејзиниот сопруг има големи долгови од околу 100.000 долари за кирија.
Во 2020-та година парот објави дека наскоро ќе станат родители, а во март 2021-ва година го добија синот Силвестер Беар.
Прочитајте и Не знае да го држи бебето, пие вино додека дои – секој пат кога мајчинството на Ратајковски беше мета на критики
Б. С. Б. | Црнобело