Франческо Тоти ги остави сопругата и 3-те деца за 11 години помлада жена – Која е Ноеми Бочи, со која тој имал афера?
- Детали
- недела, 17 јули 2022
Франческо Тоти и Илари Блази важеа за еден од најскладните парови во Италија, а таа изјави дека никогаш нема да може да му прости неверство. Парот по 17 години брак најави дека се разведува, откако со месеци се шпекулираше дека фудбалерот има афера со 11 години помлада девојка.
Италијанскиот фудбалер Франческо Тоти (45) и неговата сопруга, ТВ водителката Илари Блази најавија дека се разведуваат, откако претходно неколку месеци се шпекулираше дека најверојатно тие ќе се разделат по 20 години врска, од кои 17 години се во брак.
Познатиот фудбалер и убавата телевизиска презентерка која во 1998-ма година беше Мис Италија се запознале додека тој бил гостин во нејзина емисија, а нивната свадба во 2005-та година беше директно пренесувана во италијанските медиуми.
Иако важеа за еден од најскладните парови во Италија, подолго време се шпекулираше дека имаат проблеми во бракот, а убавата Иларија, во една прилика изјави дека никогаш нема да може да му прости неверство на нејзиниот сопруг.
„По 20 години заеднички живот и 3 прекрасни деца мојот брак со Франческо е готов. Нема да говорам за разводот и не очекувајте идни изјави. Сакам да ги избегнеме шпекулациите и да ја почитувате приватноста на моето семејство“ – порача прво Илари Блази.
Веднаш по неа се огласи и фудбалската легенда на Италија, со официјална изјава:
„Се обидов да ја надминам оваа криза во мојот брак, но денес сфаќам дека иако е болно, не постои друга опција за нас, освен разделба. Ќе бидам вклучен во одгледувањето на нашите три деца и секогаш ќе ја почитувам сопругата“ – порача тој.
Повеќе детали за аферата на Франческо Тоти, која најверојатно е причина за разводот:
Парот, кој беше заедно 20 години, од кои 17 години беа во брак, заедно имаат 3 деца (Кристијан, Шанел и Изабел), а иако замолија нивната приватност да не биде експлоатирана, деновиве се во фокусот во жолтиот печат заради наводната афера што фудбалерот ја имал со 11 години помладата Ноеми Бочи (34).
Ноеми наводно е цвеќарка која има завршено факултет за бизнис и банкарство, а во моментов се разведува од фудбалскиот менаџер Марио Каучи со кого има две деца на возраст од 8 и 10 години.
Според многумина, Тоти ја заменил убавата Иларија со жена што неодоливо потсетува на помладата верзија на неговата сега веќе поранешна сопруга. Со русата коса, и нежното лице Наоми наликува на помлада верзија на Иларија.
Наводно Франческо и Наоми врската ја започнале уште во ноември минатата година, а се дознало откако таа веднаш пристигнала на местото каде фудбалерот имал сообраќајна несреќа. Наводно, фудбалерот вечерта по објавата за развод ја поминал во нејзиниот дом.
Б. С. Б. | Црнобело