Ријана во ново смело издание пред породување - со впечатливата „темна линија“ на стомакот и отечени нозе во штикли (фото)
- Детали
- вторник, 10 мај 2022
„Кога дознав дека сум бремена си реков дека нема шанси да одам и да купувам облека за трудници“ – рече Ријана и докажа дека цврсто стои на својата одлука, откако во саботата се појави во смело мрежесто издание, во коешто повторно во прв план беше трудничкиот стомак.
Се очекува во текот на овој месец Ријана (34) да се породи и на свет да го донесе своето прво дете, но тоа што е во веќе поодмината фаза од бременоста не ја спречува во јавност да излегува во кратко мрежесто здолниште и мрежест кроп-топ.
Во саботата по повод Денот на мајките Ријана беше забележана од папараците додека беше излезена со нејзиното момче Ејсап Роки во Санта Моника.
Ријана и Ејсап беа на вечера со раперот Џорџо Балди, а повторно во прв план беа нејзиниот труднички стомак и големата црна линија (linea nigra) карактеристична за бремените жени.
Ријана во оваа прилика одлучи да облече модел од модната куќа Miu Miu од нивната колекција за есен/зима 2022 година.
Таа неодамна даде големо интервју за Vogue во кое нагласи дека и покрај тоа што неколку месеци никој не знаеше дека таа наскоро ќе стане мајка, според неа бременоста е нешто што треба да се слави, а не да се крие.
„Кога дознав дека сум бремена, си помислив дека нема шанси да одам и да купувам од одделот за трудници. Моето тело прави неверојатни работи во моментов и нема да се срамам од тоа.
Треба да славам затоа што бременоста не е нешто што треба да се крие. Многу е забавно да се дотеруваш и нема да го пропуштам тоа само затоа што моето тело се менува“ – рече таа во интервјуто.
Според корисниците на социјалните мрежи убавицата од Барбадос изгледа прекрасно во новото смело издание. Што мислите вие?
Прочитајте и Ријана отечена во лицето и без грам шминка на Барбадос, неколку недели пред породување (фото)
Повеќе фотографии во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело