„Ријана плус 1“ – Ексклузивни фотки и интервју за Vogue во последното тримесечје од бременоста

„Кога останав бремена си ветив дека нема да купувам облека од одделот за трудници“ - Ријана која во моментов го очекува своето прво дете со Ејсап Роки во изминатиот период честопати беше мета на критики заради начинот на облекување, а сега откри повеќе детали за љубовта и за мајчинството.

rijana-sekogash-mislev-deka-prvo-kje-se-omazham-pa-kje-stanam-majka-me-plashi-pomislata-za-postporodilna-depresija-01.jpg

Во екслузивно интервју за мајското издание на магазинот Vogue илустрирано со фотографии од неповторливата Ени Лебовиц, убавицата од Барбадос открива како се чувствува додека со нетрпение го очекува најновиот член во семејството, а како што вели сè уште ниту самата не може да поверува дека е бремена.

„Додека сè се случува како ништо да не се случува. Понекогаш поминувам покрај огледалото и кога ќе си го погледнам одразот се збунувам“ – вели Ријана за својот труднички стомак.

rijana-plus-1-ekskluzivni-fotki-i-intervju-za-vogue-vo-poslednoto-trimesechje-od-bremenosta-03.png

Посебен дел од интервјуто е посветено на модниот стајлинг на Ријана од изминатите месеци, па и на критиките затоа што постојано се шета разголена.

„Кога дознав дека сум бремена си помислив: нема шанси да купувам облека во одделот за трудници. Се извинувам, но премногу е забавно да се дотераш, нема да дозволам тоа да се смени затоа што моето тело се менува.

Се надевам дека успеавме да ја промениме претставата за тоа што е пристојна облека за трудници. Моето тело минува низ неверојатни промени и нема да се срамам од тоа. Сакам да славам. Зошто би требало да ја кријам бременоста?“ – прашува таа.

rijana-plus-1-ekskluzivni-fotki-i-intervju-za-vogue-vo-poslednoto-trimesechje-od-bremenosta-04.jpg

За Ејсап Роки таа вели дека е љубовта на нејзиниот живот, а дека долго време им требало нивното пријателство да прерасне во голема љубов.

„Кај мене многу тешко е да излезете од зоната на пријатели. Навистина ми требаше многу време за да прифатам дека добро го познавам и дека тој добро ме знае затоа што заедно можеме да нaправиме многу ‘бељи’“ – вели таа и додава дека за време на карантинот конечно нивното пријателство пораснало во романтична врска.

rijana-plus-1-ekskluzivni-fotki-i-intervju-za-vogue-vo-poslednoto-trimesechje-od-bremenosta-02.jpg

Додава дека Ејсап Роки успеал да ја освои и нејзината мајка, која во минатото во голема мера го критикувала изборот на мажи на пејачката.

Во однос на породувањето Ријана открива дека се надева дека ќе може да го дои детето, а најмногу се плаши од помислата за постпородилна депресија.

„Секогаш мислев дека прво ќе се омажам, па потоа ќе имам бебе, но кој вели дека мора да биде така? Сигурно нема да дозволам тоа да ме спречи да бидам мајка“ – вели таа.

Погледнете уште неколку фотографии во проодолжение направени за Vogue:

rijana-plus-1-ekskluzivni-fotki-i-intervju-za-vogue-vo-poslednoto-trimesechje-od-bremenosta-06.jpg

rijana-plus-1-ekskluzivni-fotki-i-intervju-za-vogue-vo-poslednoto-trimesechje-od-bremenosta-07.jpg

rijana-plus-1-ekskluzivni-fotki-i-intervju-za-vogue-vo-poslednoto-trimesechje-od-bremenosta-08.jpg

rijana-plus-1-ekskluzivni-fotki-i-intervju-za-vogue-vo-poslednoto-trimesechje-od-bremenosta-09.jpg

Погледнете видео од фото-сесијата:

Rihanna is Vogue's May 2022 Cover Star!

“I’m hoping that we were able to redefine what’s considered ‘decent’ for pregnant women,” Rihanna says. “My body is doing incredible things right now, and I’m not going to be ashamed of that. This time should feel celebratory. Because why should you be hiding your pregnancy?” Watch the full video and go behind the scenes at Rihanna's cover shoot: http://vogue.cm/85bCFVx

Posted by Vogue on Tuesday, April 12, 2022

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Сите секс-скандали на шпанската кралица Летиција – Зетот од сестра тврди дека биле во врска, имала а... Шпанското кралско семејство деновиве е на удар откако во јавноста беше откриено ...
Плејбој модел за Леонардо ди Каприо: „Става слушалки на уши за време на секс, стар е и чуден“ „За време на сексот си ставил слушалки за да не ги слуша девојките. Лео е премно...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Тврди дека 9 години немал секс, се чува за вистинската – Помалку познати факти за Лени Кравиц Потекнува од семејство на познати родители, но на почетокот на кариерата морал д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg