Ријана отечена во лицето и без грам шминка на Барбадос, неколку недели пред породување (фото)
- Детали
- среда, 20 април 2022
Во црвено бикини, без грам шминка и со трудничкиот стомак во прв план - Ријана на најновите папарацо фотографии направени за време на нејзиното претпородилно патување на Барбадос заедно со нејзиното момче Ејсап Роки.
Ријана и Ејсап Роки по гласините за наводното неверство заминаа на патување на Барбадос, каде уживаат во одморот пред да го дочекаат новиот член во нивното семејство.
Претходно беше објавено видео од познатиот пар како пристигнува на аеродромот во родната земја на пејачката, а сега се објавени и повеќе фотографии оттаму.
Пејачката беше фотографирана од папарацо фотографи додека во црвено бикини со мобилниот телефон го фотографираше нејзиното момче и татко на нејзиното дете Ејсап Роки како вози џет-ски.
Од фотографиите може да се види дека пејачката е заедно со нејзината мајка и пријателите и постојано внимава на нејзиниот сакан.
Познатиот пар замина на Барбадос откако се појавија информации дека раперот наводно ја изневерил со дизајнерката Амина Муади.
Гласините веднаш беа отфрлени од страна на дизајнерката, а Ријана и Ејсап Роки сè уште не коментирале за пишувањата.
Ако може да се процени од фотографиите, Ријана и Ејсап Роки воопшто не се загрижени за гласините.
Прочитајте и Широки јакни, блузони и елеци: Како Ријана ја криеше бременоста со впечатливите модни комбинации? (фото)
Погледнете повеќе папарацо фотографии во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело