Вера Ванг не старее – Позира во костим за капење пред 75-тиот роденден
- Детали
- среда, 29 мај 2024
Со новите фотки на Инстаграм, Вера Ванг уште еднаш покажа дека изгледа како девојка, и тоа неполн месец пред нејзиниот 75-ти роденден. Дизајнерката вели дека на оваа возраст, повеќе е загрижена за потенцијалните проблеми со здравјето кои доаѓаат со староста, отколку за нејзиниот изглед.
Вера Ванг е врвна модна дизајнерка, но кај јавноста многу повеќе внимание привлекува нејзиниот младешки изглед.
Неполн месец пред 75-тиот роденден, дизајнерката сподели фотки на Инстаграм со кои покажа дека за неа времето како да не минува.
На фотките, Вера позира покрај базен и носи бел костим за капење.
Препознатливата црна, права коса ѝ е пуштена, а изгледот го дополнила со впечатливи обетки и големи очила за сонце.
Очекувано, повеќето коментари на објавата се фокусирани на нејзиниот изглед:
„Како е возможно да изгледаш вака?!“
„Те молам покажи ми ги твоите трикови. Времето ти се поклонува и престанува да тече за тебе“.
„Вечна младост… Се подмладуваш со секој ден“.
За својот изглед, дизајнерката вели дека има добри гени. Единствено не ѝ се допаѓало што косата не ѝ побелува рамномерно. Па, затоа уште ја фарба.
„Ако не се фарбав, ќе изгледав како ракун“, изјави дизајнерката во неодамнешно интервју.
Во истото интервју, таа зборува и за нејзиниот љубовен живот и како изгледа да оди на љубовни состаноци на 74-годишна возраст.
За потсетување, Вера беше во брак со Артур Бекер 23 години, а се разведоа во 2013-та.
Оттогаш, дизајнерката немала посериозна врска, а вели дека одењето на состаноци не е најзабавно.
„Одењето на состаноци по разводот не беше лесно. Кога сте успешна жена како мене, другите жени ќе ве сакаат и почитуваат, но мажите може да се чувствуваат исплашено…“
Дизајнерката вели дека самата не е подготвена за уште еден брак, но дека сака да ја доживее свадбата на некоја од нејзините ќерки.
„Се надевам ќе имам можност да присуствувам на венчавките на двете ќерки пред да умрам. Се надевам дека ќе бидам добро“.
Вера вели дека не се оптоварува со изгледот, но со возраста почнува да се загрижува за здравствените проблеми со кои можеби ќе се соочи.
„Мислам дека со стареењето, најмногу сум исплашена за проблемите со здравјето, како инвалидитет и слично…
Не сум многу заинтересирана како изгледам. Си ја сакам работата, моите пријатели, моите ќерки… Имам исполнет живот“.
Спирова С. | Црнобело