Ријана со Ејсап Роки во Барбадос, по гласините за наводно неверство (видео)
- Детали
- сабота, 16 април 2022
По гласините за неверство се појави видео во кое Ријана беше забележана на аеродромот во Барбадос заедно со Ејсап Роки. Се огласи и дизајнерката Амина Муади, која наводно имала афера со момчето на бремената пејачка, која гласините ги нарече „злобни лаги“.
Бремената Ријана (34) и нејзиното момче Ејсап Роки (33) беа забележани на аеродромот во Барбадос, откако во изминатите денови се појавија информации за наводно неверство.
На Инстаграм профилот The Shade Room е објавено видео на кое се гледа дека пејачката и нејзиното момче сепак се заедно и покрај гласините за наводно неверство.
Пејачката, како што може да се види од видеото, носеше шарен тесен фустан и високи потпетици, а повторно во прв план беше нејзиниот труднички стомак.
Во текот на изминатите денови веднаш се прошири веста дека Ејсап Роки наводно ја изневерувал Ријана со дизајнерката Амина Муади (36), која исто така се огласи на Инстаграм Стори и рече дека информациите се неосновани лаги.
„Отсекогаш верував дека неоснованите лаги што се шират на социјалните мрежи не заслужуваат никаков одговор или појаснување, особено не една толку злобна лага. Сметав дека овие лажни гласини – направени со многу злобни намери – нема да бидат земени сериозно“ – рече дизјанерката.
Инаку, Ријана се појави на насловната страница за магазинот Vogue, а во интервјуто посочи дека кога би можела би сакала своето дете да го израсне во Барбадос.
„Роки неодамна ме праша дали имам место од соништата каде би го израснала дететто? Му реков, дома, во Барбадос. Отсекогаш си замислував дека ќе биде така“ – рече таа.
Погледнете го видеото од нејзиното пристигнување на Барбадос:
Б. С. Б. | Црнобело