Широки јакни, блузони и елеци: Како Ријана ја криеше бременоста со впечатливите модни комбинации? (фото)
- Детали
- вторник, 01 февруари 2022
Ријана и Ејсап Роки го очекуваат нивното прво дете, а иако дознавме дури сега, очигледно е дека пејачката е во поодмината фаза од бременоста. Ова значи дека неколку месеци таа успеваше да ја скрие бременоста само со помош на широка облека.
На големо изненадување на целата јавност, Ријана откри дека е во поодмината бременост, а она што најмногу ги зачуди сите е како успеала да ги држи новостите во тајност.
33-годишната пејачка редовно се појавува во јавност и иако постоеја шпекулации дека можеби е бремена, скоро никој не очекуваше тоа да биде вистина, најмногу бидејќи на ниту една понова папарацо фотографија не ѝ се познава стомачето.
Сега стана јасно дека Ријана умешно ја криела бременоста со нејзините впечатливи модни комбинации со широка облека.
Не е познато во кој месец од бременоста е пејачката, но според новите фотографии со нејзиниот сакан, веројатно е во второто тримесечје.
Па, како Ријана ја криеше бременоста со модните комбинации?
На 28 јануари, додека излегуваше од ресторан со Ејсап Роки, Ријана носеше широка сина тренерка во комбинација со крзнен шал и штикли со врвки.
Претходно, на 26 јануари, пејачката се појави со панталони со војнички принт и портокалов блузон, како и голем портокалов капут.
Истиот ден, Ријана се појави со уште една комбинација – црни кожени панталони и широка јакна. На оваа фотографија сосема малку се забележува нејзиниот стомак.
На 25 јануари Ријана носеше широк светлосин дрес како фустан, во комбинација со долг капут, портокалови ракавици и чанта, и сандали.
На 22 јануари Ријана се појави со нејзиниот сакан во широк блузон што го носеше како фустан и црвена широка јакна.
На 25 јануари пејачката го скри стомачето со широк кариран капут и хеланки.
На 6 декември минатата година, Ријана беше забележана во Њујорк со широки светли панталони и јакна со иста нијанса, како и широк елек.
На 2 декември пејачката се појави со широки тренерки од велур и темносина јакна.
На 12 јануари пејачката беше фотографирана со црн фустан и широк елек, во комбинација со марама на главата и впечатлив накит.
На 17 јануари пејачката се појави во лежерно издание со фармерки, темносин блузон и јакна.
Прочитајте повеќе: Ријана гордо го покажа трудничкото стомаче – со Ејсап Роки го очекуваат првото дете (фото)
Спирова С. | Црнобело