Славни жени кои не ја кријат темната линија на трудничкиот стомак – зошто се појавува и дали исчезнува? (фото)
- Детали
- сабота, 19 март 2022
Ријана, Шерон Фонсека, Роми Страјд се некои од славните жени што покажаа како изгледа вертикалната темна линија на стомакот која кај многу жени се појавува во бременоста.
Кафеавата вертикална линија (linea nigra) се протега од папокот надолу (како кај Џиџи Хадид), а понекогаш може да се протега и повисоко од под градите.
Оваа линија се појавува кај голем дел од трудниците, но највпечатлива е кај жените со кожа со потемен тен или со темна коса.
Според научните објаснувања оваа линија се појавува поради високото ниво на хормони како естроген и прогестерон во време на бременоста, поради што некои делови од кожата изгледаат потемно.
Вообичаено неколку недели по бременоста оваа линија избледува. Сепак, има и такви што се пожалиле дека линијата не им се изгубила веднаш.
Не постои можност за да се спречи појавата на оваа линија, но за намалување на нејзината видливост се препорачува користење крем за заштита од сонце.
Голем број од славните жени се фотографираат голи во бременоста, но додека голем број од познатите избираат да се фотографираат од страна и да не го покажат трудничкиот стомак во целост.
Погледнете неколку славни личности што гордо ја покажаа кафеавата линија на стомакот:
Ријана
Карди Би
Џиџи Хадид
Шерон Фонсека
Роми Страјд
Б. С. Б. | Црнобело