Славни парови кои беа верени, но никогаш не стапија во брак (нивната ретро љубов буди носталгија)

Дали некој од вас воопшто памти дека Никол Кидман и Лени Кравиц беа во врска, па дури и за малку ќе стапнеа пред олтар?

slavni-parovi-koi-bea-vereni-no-nikogash-ne-stapija-vo-brak-nivnata-retro-ljubov-budi-nostalgija-01.jpg

Љубовта помеѓу познатите личности во светот на Холивуд не е ништо ново, па голем дел од нив имаат бурно љубовно минато со звучни имиња.

За некои од овие парови дури и сме заборавиле дека биле заедно, па дури и дека биле свршени, но за жал не стигнаа до брак.

Ве потсетуваме на дел од нив, можеби и вам ќе ви разбудат носталгија за старите времиња:

Рајан Рејнолдс и Аланис Морисет

Денес актерот има совршен брак со Блејк Лајвли, заради што многумина како да заборавија на неговото минато.

Негова сопруга за малку ќе беше пејачката Аланис Морисет – тие беа во врска 5 години, а 2 години беа свршени, но не стигнаа до брак и раскинаа во 2007.

slavni-parovi-koi-bea-vereni-no-nikogash-ne-stapija-vo-brak-nivnata-retro-ljubov-budi-nostalgija-02.jpg

Кифер Сатерленд и Џулија Робертс

Кога овој познат актерски пар реши да стапи во брак, имаа 23 и 24 години.

Тоа беше пред повеќе од четврина век и двајцата беа на почетокот на нивниот пат до славата.

Но, само 3 дена пред свадбата, во 1991, Џулија ја раскина свршувачката и одлета за Ирска со пријател на младоженецот.

slavni-parovi-koi-bea-vereni-no-nikogash-ne-stapija-vo-brak-nivnata-retro-ljubov-budi-nostalgija-03.jpg

Лени Кравиц и Никол Кидман

Во 2017, неочекувано и непланирано, во едно интервју, Никол откри дека била свршена со Лени Кравиц во 2003.

Не е познато што точно се случило, но тие до ден денес се во добри односи.

slavni-parovi-koi-bea-vereni-no-nikogash-ne-stapija-vo-brak-nivnata-retro-ljubov-budi-nostalgija-04.jpg

Мајкл Китон и Кортни Кокс

Нивната врска заврши уште во 1995, па не е ни чудо што многумина не се сеќаваат на оваа романса.

Не постои официјална потврда дека тој ја запросил, но во медиумите во тоа време, главна тема беше нивната свршувачка, според извори.

slavni-parovi-koi-bea-vereni-no-nikogash-ne-stapija-vo-brak-nivnata-retro-ljubov-budi-nostalgija-05.jpg

Џим Кери и Рене Зелвегер

Актерскиот пат имаше романса во 90-тите години, откако се запознаа на снимањето на филмот Me, Myself & Irene. Тие беа свршени од 1999 до 2000 година.

slavni-parovi-koi-bea-vereni-no-nikogash-ne-stapija-vo-brak-nivnata-retro-ljubov-budi-nostalgija-06.jpg

Бред Пит и Гвинет Палтроу

Се запознаа на снимање на филмот Seven во 1994-та, се свршија во 1996-та и се разделија една година подоцна во 1997-ма.

Пит очигледно во минатото „паѓаше“ на актерки, земајќи ги предвид неговите големи љубови, Џенифер Анистон и Анџелина Џоли.

slavni-parovi-koi-bea-vereni-no-nikogash-ne-stapija-vo-brak-nivnata-retro-ljubov-budi-nostalgija-07.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Славни личности кои добија вонбрачни деца во тајност (од афери) Додека да наполни 11 години, Лив Тајлер ни самата не знаела дека е ќерка на пеја...
„Не сакам да сум сопруга, туку девојка“: Шакира и уште 4 славни кои не сакаат да стапат во брак Шакира никогаш не била во брак, а Џејн Фонда смета дека сама може да направи пов...
8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Најубавите парови на доделувањето на Греми 2024 (фото) Дејвид Гета и девојката Џесика, Криси Тајген и Џон Леџенд, но и Мајли Сајрус со ...
„Никогаш во животот не би ѝ дал втора шанса“ – Првиот сопруг на Џеј Ло раскажува каков бил бракот со... Вели дека имал можност да види преку ноќ како Џеј Ло се променила и почнала да с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg