Џејда Пинкет Смит со дијамантски украс на главата откако ја избричи поради алопеција, Вил Смит повторно зборува за нивните афери
- Детали
- вторник, 15 март 2022
Пред неколку месеци Џејда Пинкет Смит си ја избричи косата поради алопеција, а на доделувањето на Critics Choice Awards се појави со дијамантски украс на главата кој чини речиси 50.000 долари. Во меѓувреме, нејзиниот сопруг Вил тврди дека во нивниот брак немало неверство, без разлика што двајцата ги признаа аферите.
Џејда Пинкет Смит неколку години има алопеција, и иако генерално е отворена за битката со болеста, дури неодамна одлучи да се откаже од периките и марамите за глава, како и целосно да си ја избричи главата.
За доделувањето на Critics Choice Awards, Џејда си ја украсила главата со аксесоар кој наводно чини речиси 50.000 долари.
50-годишната актерка и сопруга на Вил Смит се појави во долг фустан со златна нијанса, а на главата носеше украс со 53 дијаманти.
Украсот бил направен специјално за неа од реномиран златар во Лос Анџелес, а според изворите, за него Џејда одвоила 46.250 долари.
Кон крајот на минатата година, актерката сподели искрено видео на Инстаграм Стори во кое покажа како изгледа под периките и марамите, истакнувајќи дека конечно се прифатила себеси.
„Сега можам само да се смеам. Сега ќе ми биде потешко да се кријам, па затоа решив да ви покажам сè за да не ми поставувате прашања“, вели Џејда.
Извесен период актерката имаше многу кратка коса бидејќи уште не ѝ била целосно падната, а откри дека нејзината 21-годишна ќерка Вилоу ја убедила целосно да си ја избричи главата и да ја прифати алопецијата.
„Вилоу ме натера да си ја избричам главата бидејќи беше време да се збогувам со косата“, изјави таа.
Џејда првпат прозборе за алопецијата во 2018 година, кога беше во почетната фаза на болеста.
„Беше многу страшно кога почна. Се туширав и одеднаш ми падна цела рака коса и само си помислив: ’Леле, зарем оќелавувам?‘“.
Набрзо потоа таа успеала да најде третман кој го забавил паѓањето на косата.
„Користев инјекции со стероиди и иако ми помагаа, не беа лек. Сепак, отворена сум кон нови идеи“.
Откако Џејда крена раце од третмани, перики и марами и гордо покажа како изгледа без коса, доби и многу позитивни коментари на кои мораше да одговори:
„Само сакам да ви се заблагодарам на сите, вклучувајќи ги и сите доктори кои ме контактираа за мојата ситуација. Многу го ценам тоа. Ќе ги земам предвид сите совети што ќе ги добијам“.
Во меѓувреме, нејзиниот сопруг Вил Смит ја збуни јавноста со изјавата дека во нивниот брак никогаш немало неверство. Џејда и Вил самите велат дека имаат отворен брак, а пред година-две се дозна дека Џејда имала афера со младо момче.
Прочитајте повеќе: Сопругата на Вил Смит со години си имала 21 година помлад дечко - актерот дал благослов
Исто така, актерот откри дека Џејда не била единствената која имала афери настрана од нивниот брак.
Сега пак, сега актерот го тврди сосема спротивното.
„Немало неверство во нашиот брак. Џејда и јас зборуваме за сè“, изјави актерот во интервју за CBS.
Исто така, Вил вели дека сè што јавноста слушнала за нивниот брак се гласини, без разлика што тој и Џејда лично ги „признаа“ аферите.
Тој вели и дека сега ги охрабрува гласините за неговиот однос со Џејда бидејќи поттикнуваат дебата и ги тераат нив двајцата да разговараат за нивните проблеми.
„Гласините се првиот чекор кон вистинскиот разговор и кон откривањето дали некои работи во нашето срце се добри или токсични“.
Прочитајте повеќе: „Бевме мизерни сами заедно“ – Вил Смит открива зошто неверството е дозволено во неговиот брак
Спирова С. | Црнобело