Гласини дека е скиентолог, удри репортер: Скандалозни детали од животот на Вил Смит
- Детали
- петок, 08 декември 2023
Покрај легендарната шлаканица на Оскари 2022, Вил Смит претходно има удрено репортер на премиера на негов филм. Постојат гласини дека имал афера со Марго Роби, но и дека е член на контроверзната скиентолошка црква.
Вил Смит е еден од најпознатите актери на денешницата, но се чини дека целиот живот го следат скандали.
Од чудниот брак со Џејда со која наводно сега се разделени, до проблемите со темпераментот, актерот може да „се пофали“ со бројни инциденти.
Неколку скандалозни детали од неговиот живот:
Се шпекулира дека е дел од скиентолошката црква
Вил Смит нема многу зборувано за своите религиски верувања, но постојат гласини дека тој, но и неговите деца се членови на контроверзната скиентолошка црква.
Овие гласини се разгореа поради изјава на актерот:
„Ги имам проучувано будизмот и хиндуизмот, а ја имам проучувано и скиентологијата со помош на Том Круз. И, ниту една религија не кажува нешто различно!“, кажа актерот во интервју за Men’s Vogue во 2011-та.
Во истото интервју, актерот тврдеше дека „98% од принципите во скиентологијата се идентични со оние во Библијата“.
Вил се има огласено за шпекулациите само еднаш – во 2018-та, во шоуто на Џејда Пинкет Смит, изјавувајќи дека тој и неговото семејство никогаш не биле скиентолози.
Сепак, бројни фанови не му веруваат.
Им дозволува на децата да користат психоделична дрога
Во интервју за Entertainment Tonight, синот на Вил – Џејден Смит – откри дека користел психоделични дроги, и тоа по инцијатива на мајка му.
Вил, пак, го дозволувал ова.
Ѝ ја уништи кариерата на колешка
Во 1990-тите, Вил Смит го глумеше главниот лик во популарната серија The Fresh Prince of Bel-Air.
Во серијата се појавуваше и актерката Џанет Хуберт, а во текот на третата сезона се јавиле конфликти помеѓу неа и Вил.
Подоцна Џанет си замина од серијата, по што Вил почнал да ја „оцрнува“ каде и да стигне. Поради неговото влијание, актерот практично ѝ ја уништил кариерата.
Во 2020 година, Вил и Џанет се соочија и зборуваа за инцидентот.
„Ми одзеде 30 години од кариерата. Претеруваше кога беше млад и знам дека секогаш мораше да победиш“, му рече Џанет.
Сега тие се во добри односи бидејќи актерот наводно ѝ се извинил.