Сопругата на Вил Смит со години си имала 21 година помлад дечко - актерот дал благослов
- Детали
- среда, 01 јули 2020
Нов скандал во контроверзниот брак на Вил Смит и сексапилната Џејда Пинкет Смит...
Џејда Пинкет Смит е во брак со актерот Вил Смит од 1997 година и околу нивниот брак секогаш има приказни за голема љубов, но и големи контроверзии.
Во една пригода тие изјавија дека имаат отворен брак, а сега 27-годишниот музичар Август Алсина тврди дека со години е во врска со 48-годишната Џејда.
Наводно Вил Смит знае за врската и ѝ дал благослов на својата сопруга да се гледа со музичарот.
„Седнав со Вил и разговаравме за трансформацијата на нивниот брак во доживотно партнерство... И тој ми даде благослов“, изјави Алсина, иако Џејда ги негира неговите изјави.
Тој вели дека ја сака искрено и длабоко и дека години и години од својот живот посветил на таа врска.
Инаку, токму 21-годишниот син на Џејда ја запознал со Алсина во 2015 година.
Тие се зближиле многу и дури заедно сите биле на летување на Хаваи, а потоа во 2017 година се појавија заедно и на настанот BET Awards.
Вил Смит и Џејда:
С. С. | Црнобело