Познати личности кои мразат што се славни
- Детали
- четврток, 03 октомври 2019
Изгледа дека не сите сонуваат да бидат славни, вклучувајќи ги и оние кои се веќе познати ширум целиот свет.
Колку и да ви звучи неверојатно, постојат славни личности кои воопшто не ја сакаат својата популарност.
Сепак, кога ќе земете предвид дека немаат приватност и постојано се мета на другите, можеби и ќе ги разберете.
Погледнете ги славните личности кои ја мрзат својата популарност и не се срамат да го кажат тоа.
Кристен Стјуарт
Ѕвездата од Twilight, одвреме-навреме споделува дека не ја сака славата.
„Славата е најлошото нешто во светот. Особено ако е бесцелна. Кога луѓето велат ’Сакам да бидам славен‘, зошто? Не си направил ништо“, изјави таа во 2015-та година.
Исто така, актерката додала дека интервјуата, црвениот тепих и сите настани на кои се очекува да присуствува ѝ ја земале целата енергија. Воопшто не сакала што постојано била анализирана.
Шaја Лабаф
Во 2014-та година, актерот изјави дека повеќе не е познат, носејќи хартиена кеса врз неговата глава. Ова јасно кажува каков e неговиот став за славата.
После обвиненијата дека го копира Даниел Клоус, Шaја најави дека ќе се повлекува од јавниот живот.
Џони Деп
Џони Деп толку многу ја мрзи славата, што еднаш ја спореди со животот на криминалец во бегство.
Во 2014-та година, актерот изјави дека поради славата, за сè треба да има некаква стратегија – за влегување во хотел, за излегување од хотел, за влегување во ресторан…
Шејлин Вудли
Шејлин има изјавено дека навистина го мрази зборот „познат“ или „славен“. Актерката ги споредила зборовите со вулгарности, па очигледно е колку ја мрази славата.
Џенифер Лоренс
Во 2016-та година, Џенифер зборуваше за тоа како се прослави преку ноќ. Актерката не била голем фан на славата, но и не сакала да се жали премногу. Еднаш изјавила дека би било добро познатите да можат да ја избегнат славата на некој период.