Познати личности кои мразат што се славни
Меган Фокс
Меган Фокс не крие ништо, па ниту нејзините чувства во врска со нејзината слава. Во 2013-та година, таа ја спореди славата со малтретирање.
Според неа, луѓето не сфаќале дека славата била како малтретирање во средно училиште, само што овојпат ја малтретирале милиони луѓе.
Зек Галифанакис
И познатиот комичар не ужива во неговата популарност. Во 2014-та година тој изјави:
„Да се биде славен е ужасно. Глупаво е и не ме интересира. Сакам да бидам актер и тоа е сè. Повеќе сакам да си ја завршам работата и да одам дома да гледам телевизија.
Крис Еванс
Ни Капетан Америка не сака постојано да биде херој. Наводно, кога прв пат ја започнал кариерата, актерот едвај чекал да стигне до врвот. Но сфатил дека штом ќе достигне слава како на Бред Пит, нема назад.
Џорџ Клуни
Џорџ Клун редовно се појавува во таблоидите, па не е ни чудно што не му се допаѓа славата. Актерот изјавил дека можеби живеа во огромна куќа, но таа куќа била само изолација.
„Немам прошетано во Централ Парк 15 години. Знаете, би сакал да го направам тоа“, изјавил во 2014-та година.
Роберт Патинсон
Исто како неговата колешка, Кристен Стјуарт, ни Роберт не ужива во славата.
Актерот споделил дека тоа било навистина чудно искуство и дека повеќе немал нормален живот.
„Минуваш толку време спротивставувајќи му се на тоа, но на крај ќе најдеш друг начин на живот. Луѓето не сфаќаат колку си осамен.“
Спирова С. | Црнобело