Џеј Ло и Алекс Родригез заљубени во Париз (фото)
- Детали
- понеделник, 19 јуни 2017
Џенифер Лопез и нејзиното момче Алекс Родригез, последните неколку дена ги поминаа во Париз, и се неразделни од моментот кога стапнаа во градот на љубовта.
Денски прошетки и вечерни љубовни состаноци – таа очекувано, во секоја пригода изгледа прекрасно и блеска покрај него.
За вечерниот изглед, таа одбрала тесно здолниште со странични отсечоци и кроп топ кој малку го открива нејзиниот стомак. Со едноставна фризура и шминка, изгледа совршено.
На дневната прошетка во градот на љубовта, парот позираше во полежерно издание – маица, панталони и патики. Големи очила, малку накит и изгледот е целосен.
Погледнете повеќе фотки од заљубените:
М. М. | Црнобело