Бледи, со нечисто лице: Вака изгледаат ѕвездите без шминка (фото)
- Детали
- понеделник, 23 февруари 2015
Дека познатите дами се далеку од совршени, неодамна откри Бијонсе со новите фотографии на кои води битка со нечистото лице.
Но, не е единствена. Таа е само една од низата на славни дами кои се борат да изгледаат добро без шминка, но некако не им успева.
Ова се само дел од најпознатите жени кои без пудра, кармин и маскара изгледаат просечно:
Хајди Клум
Германскиот модел сепак нема да ве освои ако на неа нема свечена тоалета, многу шминка и вперени рефлектори.
Кети Пери
Секогаш средена на црвениот тепих, но во приватен живот е само една бледа девојка која има многу брчки и црвенило по лицето.
Лиса Кудроу
Фиби од пријатели секогаш ќе ја паметиме по прекрасните очи и широката насмевка. Но, кога и недостасува време да се потсреди, нежната русокоса се претвора во стара жена со многу брчки и подочници.
Памела Андерсон
Иако важи за секс симбол, без средена фризура и многу шминка, Памела е непрепознатлива.
Шерон Стоун
Иако е сон на секој средовечен маж, кога ќе се појави без шминка, до израз доаѓаат само тенките веѓи и пегавото лице.
Софија Вергара
Ретко кој ќе каже дека Софија Вергара не е атрактивна. Манекенка, водителка и актерка, а покрај тоа и мајка по која сите се вртат. Сепак, кога не носи вештачки прамени коса и вештачки трепки, не е ни половина од тоа што изгледа под рефлекторите.