Рошаво лице без Фотошоп: Бијонсе не е совршена (фото)
- Детали
- четврток, 19 февруари 2015
33-годишната „беспрекорна“ поп дива изгледа дека сепак не е толку совршена, туку како секоја останата жена се соочува со акни и нечиста кожа.
Вчера на фан страната The Beyonce World беа објавени околу 200 нефотошопирани слики од Бијонсе, поточно од снимањето на рекламата за Лореал во 2013-та.
На нив Бијонсе буквално се бори со нечистата кожа под неколкуте слоја пудра и бронзер.
Во истиот момент кога сликите беа објавени, реакциите и коментарите на социјалните мрежи се поделија.
„На мене ми изгледа како страствен пушач“ гласеше еден поискрените твитови.
Од друга страна пак, чести беа и коментарите од типот „Бијонсе штотуку докажа дека е вистинска личност и природна убавица“.
Потсетете се на рекламата:
Кој е вашиот коментар?