Згрозувачко видео од Оскари 2025: Едриен Броди од уста ја вади гумата за џвакање и ја фрла кај девојка му
- Детали
- вторник, 04 март 2025
„Вака не се почитува жена“... Непријатниот потег на врвниот актер поттикна лавина од негативни коментари на негова сметка.
Едриан Броди доби Оскар за главна машка улога во филмот „The Brutalist“.
Но, покрај славењето на неговиот успех има и низа негативни коментари за него.
Реакции поттикна видеото на кое е снимен негов потег додека се упатува кон сцената за да одржи говор.
Тој ја згрози публиката, но и фановите ширум светот, откако гумата за џвакање од уста си ја плукна во рака, па ѝ ја фрли на неговата девојка Џорџина Чапман .
Видеото од овој момент стана вирално и поттикна лавина од негативни реакции.
За оваа ситуација во бекстејџот на Оскарите Броди изјави:
„Можев да ја голтнам, но не се сетив на тоа во моментот, а морав да се ослободам од неа некако“.
Но, неговата девојка изјави дека не успеала да ја фати гумата за џвакање и дека таа всушност завршила на црвениот тепих.
Погледнете го видеото што поттикна дебата:
Повеќе фотографии од парот:
Прочитајте и Сите добитници на Оскари 2025: „Anora“ триумфираше со 5 статуетки, „The Brutalist“ со 3 Оскари
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





