Му беше утеха по смртта на првата сопруга и ќерка му: Зошто сите сакаат љубов како на Пирс Броснан и Кели Шај?
- Детали
- недела, 06 април 2025
Првата сопруга на Пирс Броснан почина од рак, а потоа ја изгуби и ќерка му од истата болест. Додека се справуваше со најголемите загуби во животот, покрај него беше Кели Шај Смит – сегашната сопруга со која е заедно веќе три децении.
Од почетокот на кариерата, Пирс Броснан важи за еден од најголемите холивудски заводници.
Но, веќе три децении тој има очи само за една – сопругата Кели Шај Смит.
Тие ја почнаа врската во 1994-та, а се венчаа седум години подоцна, во 2001 година.
Претходно, Пирс бил во брак само еднаш, но првата сопруга имаше рак на јајниците поради кој и почина.
Втората сопруга Кели ја запознал во период кога уште тагувал, но токму таа му помогнала да се справи со болката.
Како сопругата му помогнала во најтешките мигови?
Во 1980-тите, Кели имала неколку мали улоги ви филмови и серии.
Но, одлучила да ја промени кариерата и да се посвети на новинарството.
Истовремено, сакала да се посвети на заштитата на океаните и морскиот свет, па почнала да работи и на документарци.
Низ годините направила разни репортажи на оваа тема, па многупати била почестена за нејзините придонеси за заштита на природата.
Таа го запознала Пирс во Мексико, во 1994 година и вели дека брзо ја освоил.
Исти биле и чувствата на актерот.
„Во Кели најдов прекрасна жена. Мислам дека ако барав уште милион пати, немаше да најдам жена како неа“, има изјавено тој.
Кога се запознале, Пирс веќе ја изгубил првата сопруга Касандра Харис.
Пирс и Касандра се венчаа во 1980-та, но таа почина од рак на јајници во 1991-ва, само еден ден по годишнината од нивната свадба.
Пред да се венча со Пирс, Касандра имаше две деца од друг маж.
Кога нивниот биолошки татко почина, Пирс официјално ги посвои.
Потоа, тој и Касандра добија уште едно дете.
„Касандра ме направи мажот, актерот и таткото којшто сум денес. Засекогаш ќе биде дел од мене. Овде е со мене секој ден.
Благословен сум што имав чест да познавам личност како неа“, изјави актерот по нејзината смрт.
Додека зборуваше за нејзината битка со ракот, актерот откри дека нивното најмало дете си играло доктор по секој третман со хемотерапија.
Бидејќи Касандра била во ужасна состојба, син им се преправал дека е доктор и ја „лекувал“.
Тој додаде и дека сопругата починала во неговите раце.
Пирс и семејството тагувале долго, но сегашната сопруга Кели му помогнала многу.
„Кели отсекогаш беше добра им е разбираше. Таа ме охрабри да си дозволам да тагувам за Касандра.
Изгледа Кели е мојата ѕвезда-водилка, секогаш внимава на мене“.
Во 2013 година, актерот ја изгуби и најстара ќерка, Шарлот, исто така од рак на јајници.
И овој пат, Кели била таа што му помогнала во најболните моменти.
Таа му ја вратила самодовербата и му помогнала да застане на нозе по трагедијата.
„Љубовта е најубавото, најрадосното чувство. Може да дојде од многу места. Мене и на сопругата ни оди добро заедно. Најважно, си се допаѓаме.
Тоа допаѓање е важен фактор – љубовта не може да гори константно. Ѝ кажувам дека ја сакам секој ден. Важно е да ѝ го кажувам тоа“.
Кели отсекогаш му била голема поддршка на актерот и во кариерата – дури и самата има паузирано свои ангажмани за да му излезе во пресрет на саканиот.
Тој, пак, ја возвишува во секоја можна пригода – не пропушта честитки за годишнини родендени на социјалните мрежи, а на важните настани, воопшто не се трга од неа.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





