Пирс Броснан со сопругата на настан, откако таа ослабе 45кg - Но, тој ја обожава во секое издание
- Детали
- вторник, 01 април 2025
Ја запозна во 1994 година кога таа беше навистина фит, а кога качи килограми и добиваше критики, тој велеше „Ги обожавам облините на мојата сопруга“. Сега, таа наводно ослабела 45kg и се појавија заедно на настан.
Пирс Броснан (71) ужива во бракот со некогашната новинарка Кели Шај Смит (61) веќе децении наназад.
Тие сега се појавија заедно на премиерата на филмот „MobLand“ во Њујорк.
На настанот Кели се појави во црн фустан од тантела, драстично ослабена.
Според DailyMail, сопругата на Броснан наводно ослабела околу 45 килограми.
Кели во една пригода изјави:
„Јас никогаш не се срамам од моите... облини. Никогаш не се кријам во широка облека“, а на ова Пирс додаде: „Ги обожавам облините на мојата сопруга“.
Парот стапи во брак во 2011 година, а заедно имаат два сина, на возраст од 24 и 28-годишна возраст.
Броснан претходно беше во брак со Касандра Харис и ги посвои нејзините ќерка и син, откако татко им почина во 1986 година. Пarрот заедно го доби синот Шон во 1983 година.
Касандра почина од рак на јајници во 1991 година, на 43 години.
Три години подоцна Пирс ја запозна Кели за време на престој во Мексико.
Иако, Кели била навистина фит кога се запознале, а потоа качила килограми, тоа никогаш не ја променило љубовта на Пирс Броснан кон неа и тој секогаш велеше и вели дека ја обожава и неа и нејзините облини.
Фотки од парот на настан:
Прочитајте и Ја сака во секое издание: Зошто Пирс Броснан е неверојатен сопруг?
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





