Тори Спелинг глуми богаташка во Малибу, откако повторно остана без дом + откри зошто има дупка меѓу градите
- Детали
- среда, 03 јули 2024
Неполн месец откако набрзина ја напушти куќата што ја изнајмуваше, и повторно остана на улица, Тори Спелинг ужива на плажа во Малибу. Неодамна, пак, таа конечно откри зошто има дупка помеѓу градите, а се пофали и дека ја чува плацентата од последната бременост од 2017-та во замрзнувач.
Тори Спелинг има сериозни финансиски проблеми, а пред неполн месец набрзина ја напуштила куќата што ја изнајмуваше и наводно направила огромна штета со петте деца.
Не е познато зошто Тори повторно е на улица, но се шпекулира дека е поради штетата што ја направила во куќата.
Претходно, пак, Тори живееше во камп-приколка, но тврдеше дека ја изнајмила за одмор со децата.
Тори самата има изјавено дека покрај тоа што татко ѝ милионер не ѝ оставил многу пари, не можела да го контролира трошењето и постојано има финансиски проблеми.
Но, се чини ова не ја спречува да се однесува како богаташка.
Последно, 51-годишната ѕвезда од Beverly Hills беше забележана во Малибу – град кој е омилена дестинација на богатите и славните.
Тори носеше бикини со дречливо жолта боја, минималистички златен накит и темни очила за сонце.
Актерката беше во друштво на пријателка.
Некој ден пред излетот на плажа, Тори откри зошто има дупка помеѓу градите – нешто за коешто ѝ биле поставувани многу прашања.
Актерката го даде објаснувањето како одговор на навредлив коментар.
„Постојано добивам лоши коментари, ми велат ’Среди си ја дупката помеѓу градите‘.
Или, ме прашуваат ’Што ти е таа дупка меѓу градите?‘. Всушност, ова е проблем со коската, се нарекува pectus excavatum“.
Кај оваа состојба, коските во градниот кош растат неправилно, а последицата е видлива дупка помеѓу градите.
„Би можела да направам и 50 милиони операции на градите и дупката нема да се среди“, додава Тори.
Тори откри и дека користела лекови за дијабетес, како Оземпик, за да ослаби по последната бременост, но и дека чува плацента од двете најмали деца.
За потсетување, Тори последен пат се породи во 2017 година, а вели дека ги чува плацентите во замрзнувач.
Таа има и бизарно објаснување зошто ги чува:
„Велат дека е добра среќа да се изеде плацената, или да се закопа или да се зачува…
Ако ја изедете, добро е за телото бидејќи плацентата потекнува од вашето тело, па само ја враќате назад“.
Тори вели и дека плацентата од последната бременост е всушност во замрзнувачот на нејзина пријателка.
„Другарка ми дојде во болница кога се породив. Но, бидејќи имав компликации и се породив со царски рез, морав да останам во болницата.
Па, ѝ реков на другарка ми дали ќе може да ја земе плацентата додека сум во болница. И, таа ја зеде.
Мислам дека неколкупати ми има речено да си ја земам, но заборавам“.
И покрај пропаднатиот брак и финансиските проблеми, Тори вели дека сериозно размислува и за шесто дете. Но, додава дека е во менопауза и нема замрзнато јајцеклетки, па веројатно би посвоила.
Спирова С. | Црнобело