„Го затворам дуќанот“ - Брајан Остин Грин направил вазектомија, по петте непланирани деца
- Детали
- петок, 05 јануари 2024
„Навистина е убаво тоа што го направи затоа што сега сме послободни и немаме стрес во нашиот сексуален живот“ – рече свршеницата на актерот Брајан Остин Грин, Шана Бургес, откако тој изјави дека по раѓањето на петте непланирани деца направил вазектомија. За потсетување, Брајан беше во брак со Меган Фокс.
Ѕвездата на хит серијата од 90-тите Beverly Hills, 90210 и поранешниот сопруг на Меган Фокс, Брајан Остин Грин (50) рече дека направил стерилизација, откако го доби петтото непланирано дете.
Актерот кој има 21-годишен син од врската со Ванеса Марсил и три деца од бракот со Меган Фокс, кои се на возраст од 11 до 7 години, во јуни 2022-ра година со свршеницата Шана Бургес го доби петтото дете, синот Зејн.
Но, по непланираното раѓање на последното дете, Брајан одлучил дека е време да направи стерилизација и дека веќе „го затворил дуќанот“.
„Знаете што е најсмешно – не го планирав раѓањето на ниту едно од моите деца. Секојпат велев: ‘Во ред е. Можеме да го направиме ова’.
Си ги сакам децата и не бев против нивното раѓање, но никогаш не сум почувствувал како е да гледаш во тест за бременост и да се надеваш дека е позитивен или да се подготвуваш на тој начин“ – изјави Брајан.
Неговата свршеница вели дека во моментот кога бил зачнат нивниот син Зејн таа користела контрацепција, а не ја исклучи можноста и во иднина да имаат други деца, но со помош на ин витро или други алтернативни методи.
Таа е пресреќна затоа што Брајан се одлучил на ваков чекор, затоа што пилулите за контрацепција негативно се одразувале врз нејзиното здравје.
„Добро е што Брајан одлучи да го направи тоа, бидејќи од пилулите полудував.
Затоа многу сум му благодарна. Навистина е убаво тоа што го направи, затоа што сега сме послободни и немаме стрес во нашиот сексуален живот“ – вели Шана.
Прочитајте и Девојката на Брајан Остин Грин ги покажа лузните од царски рез: „Трпев болки 30 часа, воденикот ми пукна двапати, мораа да ме оперираат“
Б. С. Б. | Црнобело