Девојката на Брајан Остин Грин ги покажа лузните од царски рез: „Трпев болки 30 часа, воденикот ми пукна двапати, мораа да ме оперираат“
- Детали
- вторник, 26 јули 2022
„Нашиот Зејн многу цврсто се бореше за да стигне на свет, но откако поминаа повеќе од 30 часа и воденикот ми пукна двапати, мораа да ме оперираат“ – вели Шарна Бургес, девојката на поранешниот сопруг на Меган Фокс, Брајан Остин Грин која пред еден месец се породи со синот Зејн.
Поранешниот сопруг на Меган Фокс (36), Брајан Остин Грин (49) неодамна стана татко по петти пат, откако неговата девојка Шарна Бургес (37) се породи и на свет го донесе синот Зејн.
Шарна искрено раскажа што се случувало на породувањето и како непланирано морала да оди на царски рез.
Откако кон крајот на јуни Шарна Бургес на свет го донесе бебето Зејн таа одлучи на социјалните мрежи да се отвори и да раскаже за страшното искуство низ кое поминала за време на породувањето.
„Не очекував да се породам со царски рез. Немав претходни планови за породувањето, но иако бев мошне опуштена сепак моето трпение беше ставено на тест откако ми кажаа дека царскиот рез ми е најбезбедна опција.
Нашиот Зејн многу цврсто се бореше за да стигне на свет, но откако поминаа повеќе од 30 часа и воденикот ми пукна двапати, едноставно не се отворив доволно.
Во тој миг беше страшно, сѐ што се случуваше околу мене беше застрашувачко. Но, Зејн пристигна на свет здрав и среќен и тоа ми беше главен приоритет. Немав поим колку време ќе ми треба да се опоравам по ова.
Отидов на породување очекувајќи природно породување и морав да поминам низ царски рез. Ми беше страв да си го погледнам сопственото тело потоа. Лузните и подуеноста...
Се гледав и си мислев дека во целост сум непрепознатлива и дека моето тело поминало низ некои сериозни промени“ – пишува таа.
Во продолжение Шарна вели дека и покрај сѐ низ што поминала, не жали за искуството затоа што го добила нејзиниот син. Таа, на крајот од својата објава упати моќна порака до сите жени:
„Жени, ние сме неверојатни. Запомнете го тоа додека со солзи одите за првпат во тоалет по породувањето или не сте способни да станете од кревет. Болно е и емотивно... Но, вреди“ – вели таа.
Инаку, Брајан ја започна врската со Шарна, непосредно откако Меган Фокс се раздели со него и почна да се гледа со Машин Ган Кели. Брајан и Шарна околу 8 месеци ја криеја врската од јавноста пред да ги објават првите заеднички фотографии на Инстаграм.
Инаку, Брајан Остин Грин има уште 4 синови од претходни врски. Синот Касиус (20) го доби во врската со Ванеса Марсил, а од бракот со Меган Фокс има уште три синови.
Во продолжение погледнете повеќе фотографии од бебето Зејн:
Б. С. Б. | Црнобело