Живееше бурно со зависности и скандали: Која е Тања Палмер Томкинсон - жената која кралот Чарлс ја обожаваше?
- Детали
- сабота, 19 август 2023
Бурен живот, опојни супстанции, ноќни забави од една страна, дружење со кралското семејство од друга страна - животот на Тања Палмер Томкинсон е како од сценарио за филм. Која е жената што кралот Чарлс ја обожаваше?
Тања Палмер Томкинсон се смета за една од првите старлети во светот, позната по своите учества во реалните шоуа, а била член и на британското аристократско семејство - кумашинка на кралот Чарлс. Нејзиното име во Велика Британија, но и пошироко, станало своевиден бренд.
Голема популарност уживала во 90-те години кога била редовен гостин на бурните британски забави, а богаташите плаќале големи суми за таа да се појави во одредени клубови.
Тара Палмер-Томкинсон била колумнистка на магазинот „Sunday Times“, учествувала во бројни реални шоуа и никогаш не ја криела својата зависност од дрога од јавноста.
Неколкупати била на рехабилитација, но одново и одново им се враќала на пороците.
Медиумите најмногу пишувале за неа откако била принудена да направи операција откако целосно го уништила својот нос со кокаин.
Како голем вљубеник во модата, лансирала и своја модна колекција.
Често во своите интервјуа нагласувала дека сака да стане мајка. Меѓутоа таа нејзина голема желба, без оглед на многуте љубовни врски што ги имала, никогаш не се исполнила.
Нејзината блиска врска со кралското семејство никогаш не била тајна и токму таа врска ѝ донела голема популарност.
Покојниот татко на Тара, олимписки скијач и ски инструктор на тогашниот принц Чарлс, бил близок пријател на кралското семејство.
Тара често зимскиот распуст го поминувала во кралското друштво, па јавноста се сеќава на култната фотографија направена во 1990 година во Швајцарија каде Чарлс и Тара се бакнуваат.
Тој момент уловен од камерата се појавил на насловните страници на светските списанија и бил сосема доволен да ѝ овозможи на Тара никогаш повеќе да не биде „девојка од сенка“.