Живееше бурно со зависности и скандали: Која е Тања Палмер Томкинсон - жената која кралот Чарлс ја обожаваше?
Една година пред нејзината смрт ѝ бил дијагностициран тумор на мозокот.
Често во медиумите зборувала за нејзината состојба, со цел да ја подигне свеста за болеста.
Неколку месеци пред смртта изјавила дека се плаши дека ќе почине.
На 45-годишна возраст била пронајдена мртва во својот стан во Лондон.
14 дена пред нејзината смрт била фотографирана додека влегува во својот апартман во Лондон. Лицето ѝ било прекриено со очила, изгледала нормално и добро. Токму затоа нејзината смрт била мистерија.
Нејзината сестра подоцна за медиумите изјавила дека причина за смртта бил чир на желудникот и перитонитис.
По нејзината смрт се огласиле и од кралското семејство.
Во нивното соопштение кралот Чарлс и војвотката Камила, напишаа:
„Длабоко сме потресени од смртта и сочувствуваме со семејството“.
Ингрид Севард, историчарка на кралското семејство и уредничка на магазинот „Majesty“, изјавила за BBC дека Тара била многу сакана личност.
„Тара имаше сè и тоа беше најголемата причина за нејзините проблеми. Беше убава, имаше прекрасно семејство, беше одличен скијач и имаше дарба за уметност. Таа прекрасно пееше.
Животот ѝ даде многу избори, а таа едноставно не знаеше секогаш да избере нешто што е добро. Сепак, за сите што ја познаваа, таа беше шармантна, дарежлива и љубезна личност, прекрасна девојка“, раскажала Севард.
С. Ш. | Црнобело