Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


TikTok час по наука: Зошто треба да носиме маски и како спречуваат заразување?

Како маските спречуваат ширење на ковид-19, објаснето во кратко и јасно видео од ТВ научникот Бил Нај, кое вирално се рашири.

tiktok-chas-po-nauka-zoshto-treba-da-nosime-maski-i-kako-sprechuvaat-zarazuvanje-01.jpg

Иако голем број од луѓето ја сфатија сериозноста на вирусот откако нивни познаници се соочија со истиот, сепак има уште такви кои одбиваат да носат маска и да се заштитат себеси и околината.

Бил Нај е механички инженер и популарен ТВ научник, кој со забавно TikTok видео ја објасни значајноста на маските и начинот на кој тие штитат од заразување.

Тој покажува на мапа од САД споредба на заразени случаи во деловите каде се носи и каде не се носи маска, а разликата е очигледна.

Бил објаснува и зошто е невозможно вирусот да минува низ ткаенината на маската (секако доколку користите од препорачаните маски кои штитат против ковид-19, најчесто тоа се KN95 маските).

„Вирусите не патуваат сами, туку преку аеросолите што се испуштаат при плукање. Кога тие капки ќе дојдат до ткаенината и влакната на маската, тие се заглавуваат таму. Ова не е тешко да го разберат сите.“ – вели тој и прикажува со пример како отприлика би изгледало тоа.

@billnye

I don’t know who needs to hear this but... ##masks work. Wear one. Carry on... ##tiktokpartner ##learnontiktok

♬ original sound - Bill Nye

На многу наврати стручните лица укажуваат на значајноста на маските, кои се посебно ефективни кога ги носат сите, бидејќи така шансите за заразување се сведени на минимум.

Сепак, нашите експерти советуваат дека маските не се 100% заштита во случаи кога поминувате долго време во мал, затворен и непроветрен простор, но се неопходни бидејќи нивното носење и дистанцата се најголемата заштита засега.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Зошто анестезијата функционира и уште 9 прашања за кои медицината нема одговор „Јас сум акушер – уште не знаеме што точно му дава сигнал на телото дека е време...
„Остров“ од ѓубре зафаќа површина 60 пати поголема од Македонија Во Тихиот Океан се наоѓа огромна депонија од отпад кој е заробен од океанските с...
Најпопуларните вселенски фотографии направени досега (и зошто се значајни) Првата фотографија од црна дупка, но и фотографија од целосно затемнување на Сон...
10-те најкомплексни машини направени досега (и за што се користат) Реактори кои пробуваат да создадат енергија како Сонцето, но и судирач на честич...
5 ретки, но многу смртоносни природни феномени Едно мегацунами може да достигне висина и до 30 метри, но, за среќа, овој феноме...
6 научни теории што го променија светот (и секој треба да ги знае) Теоријата на Ајнштајн за која слушнале сите, но и квантната теорија која го пром...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg