„Остров“ од ѓубре зафаќа површина 60 пати поголема од Македонија

Во Тихиот Океан се наоѓа огромна депонија од отпад кој е заробен од океанските струи. Отпадот потекнува и од копно, но и од бродови, најчесто рибарски, и зафаќа површина од околу 1,6 милиони километри квадратни.

najgolemata-deponija-vo-svetot-se-naogja-vo-tihiot-okean-ostrov-od-gjubre-zafakja-povrshina-60-pati-pogolema-od-makedonija-01.jpg

Големиот „остров“ од ѓубре во Тихиот Океан, познат како Great Pacific garbage patch е огромна површина од океанот покриена со ѓубре.

Бидејќи станува збор за мали парчиња отпад расфрлани на голема површина, името „остров“ е само симболично.

Односно, отпадот не формира остров на кој можете да застанете и всушност не е видлив од вселената. Дури и бродовите кои пловат низ отпадот на некои места не го перципираат како површина.

Повеќе наликува на депонија на површината на океанот.

Сепак, бидејќи станува збор за многу отпад – неколку илјади тони – кој зафаќа површина и од над милион километар квадратен, живиот свет во океанот трпи многу.

najgolemata-deponija-vo-svetot-se-naogja-vo-tihiot-okean-ostrov-od-gjubre-zafakja-povrshina-60-pati-pogolema-od-makedonija-02.JPG

Неколку факти за настанување на „островот“ од ѓубре, но и дали има надеж дека ќе се исчисти:

Островот од отпад првпат е спомнат во 1988 година, во студија од страна на Национална океанска и атмосферска управа (анг. NOAA).

Во студијата се спомнати истражувања од неколку експерти кои биле лоцирани на Алјаска и забележале парчиња пластика во северниот дел на Тихиот Океан.

Тие откриле дека поради влијанието на океанските струи, отпадот во океанот се акумулира во неколку големи области.

Потоа, во 1997 година, капетанот и океанограф Чарлс Џ. Мур забележал „пловечки депонии“ во вител на северниот дел на Тихиот Океан.

najgolemata-deponija-vo-svetot-se-naogja-vo-tihiot-okean-ostrov-od-gjubre-zafakja-povrshina-60-pati-pogolema-od-makedonija-03.JPG

Во океаните, вител претставува систем на океански струи кои циркулираат, често поради силни ветришта.

Тогаш отпадот што бил забележан експертите го опишале како „исклучителен пример за морско загадување“.

Оттогаш се направени бројни истражувања и експедиции за да се дознае нешто повеќе за ваквите пловечки депонии.

najgolemata-deponija-vo-svetot-se-naogja-vo-tihiot-okean-ostrov-od-gjubre-zafakja-povrshina-60-pati-pogolema-od-makedonija-04.JPG

Истражување од 2015 година објавено во списанието Science покажало дека пластика и другиот отпад во депонијата среде Тихиот Океан потекнува од шест главни избори – Кина, Индонезија, Филипините, Виетнам, Шри Ланка и Тајланд.

Друго истражување покажало дека овие држави фрлаат повеќе отпад во океан отколку сите останати земји заедно.

Иако според National Geographic околу 80% од пластиката во океанот потекнува од копното, ѓубрето во „островот“ во Тихиот Океан скоро половина е сочинето од рибарски мрежи направени од синтетички материјали.

Што значи, „островот“ во Тихиот Океан се формирал постепено поради загадувањето од копно и од рибарските бродови.

najgolemata-deponija-vo-svetot-se-naogja-vo-tihiot-okean-ostrov-od-gjubre-zafakja-povrshina-60-pati-pogolema-od-makedonija-05.JPG

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

10-те најкомплексни машини направени досега (и за што се користат) Реактори кои пробуваат да создадат енергија како Сонцето, но и судирач на честич...
НАСА објави најчисти фотки од нова област на Марс досега, откако најде можни знаци за живот на црвен... На поновите видеа и фотографии од роверот Perservance, можеме да ја видиме плане...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg