10-те најкомплексни машини направени досега (и за што се користат)

Реактори кои пробуваат да создадат енергија како Сонцето, но и судирач на честички кој пробува да открие од што точно е составена материјата.

10-te-najkompleksni-mashini-napraveni-od-chovekot-i-za-shto-se-koristat-01.jpg

Уредот на којшто го читате овој текст, без разлика дали смартфон или компјутер, е ништо помалку од импресивен.

Само помислете - со помош на смартфонот или компјутерот, вие сте поврзани со слични уреди од целиот свет.

И, ако сте како повеќето, веројатно не можете да објасните како функционира ни интернетот, ни вашиот смартфон (или компјутер).

А, она што е фасцинантно е дека овие уреди не ни приближно комплексни како некои машини направени од човекот.

Во продолжение, 10-те најкомплексни машини што се направени досега:

Квантни компјутери

За разлика од „обичните“ компјутери кои работат со систем на единици и нули, квантните компјутери користат честички кои, едноставно кажано, во исто момент можат да бидат и единица и нула.

За добро да разберете како работат, ќе треба да бидете запознаени барем со основи од квантна физика.

Но, доволно е да знаете дека квантните компјутери се многу, многу побрзи од овие што ги користиме сега.

Тие можат инстантно да решат комплексен проблем, за кој на обичните компјутери би му требале неколку години.

10-te-najkompleksni-mashini-napraveni-od-chovekot-i-za-shto-se-koristat-02.jpg

Реакторот Токмак

Реакторот Токмак (анг. Tokmak Fuison Test Reactor или TFTR) се наоѓа на Универзитетот Принстон и неговата цел е да создаде електрична енергија со помош на нуклеарна фузија.

Мало потсетување од часовите по физика – фузија е процес при кој два атома се комбинираат и создаваат еден поголем.

Ова е процесот кој се случува во Сонцето и со него се ослободува многу енергија.

Засега реакторот работи во минус. Односно, троши повеќе енергија отколку што произведува со процесот на фузија.

Но, инженерите постојано забележуваат напредок и доколу успеат во подвигот, тоа најверојатно би значело дека ќе имаме многу, многу поевтина електрична енергија.

10-te-najkompleksni-mashini-napraveni-od-chovekot-i-za-shto-se-koristat-03.jpg

Z Machine

Машината позната само ако Z (Z Pulsed Power Facility) е всушност генератор на електромагнетни бранови со многу висока фреквенција.

Се наоѓа во лабораторијата Snadia во Албакерки, Ново Мексико.

Машината создава услови какви што нема на Земјата – како екстремно високи температури или притисок, но може да создаде и реплика на густата плазма која постои во ѕвездите.

Поради ова, машината им помага на експертите да ги проучуваат ѕвездите и нивниот состав, нивното настанување…

Истовремено, има свој придонес и во произведувањето енергија со помош на нуклеарна фузија, како реакторот што го спомнавме претходно.

10-te-najkompleksni-mashini-napraveni-od-chovekot-i-za-shto-se-koristat-04.jpg

Механизмот Антикитера

Ова е единствената древна машина на листата и е можеби најимпресивното археолошко откритие.

Се претпоставува дека уредот датира од 60-та или 70-та година пред нашата ера, а е пронајден во 1900 година, во близина на островот Антикитера во Грција.

На некој начин, механизмот е како древен компјутер кој ги предвидувал положбите на небесните тела, вклучувајќи ги и екплисите.

Пронаоѓањето на овој уред потврдува дека нашите предци знаеле многу повеќе за астрономијата и вселената отколку што се мислело претходно.

10-te-najkompleksni-mashini-napraveni-od-chovekot-i-za-shto-se-koristat-05.jpg

Вселенскиот телескоп Џејмс Веб

Џејмс Веб е најмоќниот вселенски телескоп направен досега и со него астрономите пробуваат да дознаат нешто повеќе за почетокот на универзумот и раѓањето на ѕвездите и галаксиите.

Телескопот може да „гледа“ на далечина од околу 13 милијарди години. Односно, има сензори кои можат да ја детектираат светлината од првите ѕвезди во универзумот.

Телескопот се наоѓа на околу 1,5 милиони километри од Земјата.

10-te-najkompleksni-mashini-napraveni-od-chovekot-i-za-shto-se-koristat-06.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Остров“ од ѓубре зафаќа површина 60 пати поголема од Македонија Во Тихиот Океан се наоѓа огромна депонија од отпад кој е заробен од океанските с...
Маск го вгради првиот чип во човечки мозок – Зошто ова е најважно за луѓето со парализа? Луѓето на кои ќе им биде вграден чипот ќе можат со мислите да го контролираат мо...
Гравитациски бранови и уште 5 од најголемите достигнувања во 21-иот век Научниците од ЦЕРН го докажаа постоењето на Хигсовиот бозон - честичката што ѝ ј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg