Гравитациски бранови и уште 5 од најголемите достигнувања во 21-иот век

Научниците од ЦЕРН го докажаа постоењето на Хигсовиот бозон - честичката што ѝ ја дава масата на материјата. Истовремено, беа детектирани и гравитациски бранови од судир на две црни дупки.

gravitaciski-branovi-i-ushte-5-od-najgolemite-dostignuvanja-vo-21-iot-vek-01_copy.jpg

Науката напреднува побрзо од кога било и во изминативе 20-тина години имаме повеќе достигнувања отколку во целата историјa.

Феномени кои постоеле само теоретски сега се докажани и ни покажуваат дека реалноста во којашто живееме е почудна и побесмислена отколку што можеме да си замислиме.

Истовремено, напреднува и медицината, па болести кои некогаш се сметале за „смртна казна“, денес се регулираат со најобична терапија.

Дел од најголемите научни достигнувања на 21-иот век (досега):

Детектирана е честичката Хигсов бозон

Кога станува збор за елементарни честички, прво помислуваме на протони, електрони и неутрони.

Но, тие не се најмалите единки од кои е составена материјата – засега, на квантните физичари им се познати дури 17 елементарни честички.

Пред да се докаже нивното постоење, овие честички постоеле теоретски.

Една од нив е Хигсовиот бозон – честичка која првпат ја претставил физичарот Питер Хигс, кој заклучил дека таа им ја дава масата на другите елементарни честички, а со тоа им масата на материјата.

gravitaciski-branovi-i-ushte-5-od-najgolemite-dostignuvanja-vo-21-iot-vek-03.JPG

Тој ја предложил својата теорија во 1960-тите, но постоењето на Хигсовиот бозон беше докажано дури во 2012 година во ЦЕРН.

За оваа цел беше искористен Големиот хадронски судирач на честички – огромна машина која ги судира честичките со брзина приближна на светлината.

Научниците што го докажаа постоењето на Хигсовиот бозон добија и Нобелова награда во 2013 година.

Досега, судирачот во ЦЕРН има помогнато во детектирањето на вкупно три елементарни честички.

gravitaciski-branovi-i-ushte-5-od-najgolemite-dostignuvanja-vo-21-iot-vek-02.JPG

НАСА пронајде вода на Марс

Марс е планетата која е најблиску до нас, па логично е зошто експертите се фокусирани на неа, како прв чекор за истражувањето на вселената.

Едно од најголемите прашања поврзани со Марс беше дали на планетата има или некогаш имало вода.

Бидејќи, ако има вода, тоа значи дека во можеби постоеле (или постојат) и услови за живот.

gravitaciski-branovi-i-ushte-5-od-najgolemite-dostignuvanja-vo-21-iot-vek-04.JPG

Во 2008 година, од НАСА потврдија дека ги нашле првите цврсти докази за можно постоење на вода на Марс.

Потоа, во 2015 година беше потврдено дека на Марс има вода – најголемиот дел во состојба на поларен мраз, но беше детектирано и мало количество како испарување во атмосферата.

gravitaciski-branovi-i-ushte-5-od-najgolemite-dostignuvanja-vo-21-iot-vek-05.JPG

Нови третмани за ХИВ

Кога првпат се појавил вирусот ХИВ (а со тоа и болеста СИДА), заразените практично биле осудени на смрт.

Проблемот кај ХИВ вирусот е тоа што ги напаѓа црвените крвни зрнца и со тоа го ослабува имунитетот и преминува во болеста СИДА.

Па, заразените се посклони на разни инфекции и нивниот организам не може да се справи ни со болести што човек кој не е заразен не би ги ни почувствувал.

gravitaciski-branovi-i-ushte-5-od-najgolemite-dostignuvanja-vo-21-iot-vek-06.JPG

Иако, за жал, уште нема лек за ХИВ, во 21-ви век терапијата за заболените е многу напредната.

Односно, благодарение на модерните третмани луѓето заразени со ХИВ можат да имаат долг и здрав живот.

gravitaciski-branovi-i-ushte-5-od-najgolemite-dostignuvanja-vo-21-iot-vek-07_copy.JPG

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

НАСА објави најчисти фотки од нова област на Марс досега, откако најде можни знаци за живот на црвен... На поновите видеа и фотографии од роверот Perservance, можеме да ја видиме плане...
10-те најкомплексни машини направени досега (и за што се користат) Реактори кои пробуваат да создадат енергија како Сонцето, но и судирач на честич...
Не смеат да се тушираат – Како изгледа животот на астронаутите кои се „заглавени“ во вселената до 20... Двајцата астронаути се заглавени на Меѓународната вселенска станица поради пробл...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg