Гравитациски бранови и уште 5 од најголемите достигнувања во 21-иот век

Развој на mRNA вакцини

Со „обичните“ вакцини, во организмот се вбризгува ослабена форма на вирусот, со што телото стекнува имунитет и потоа е заштитено од идни зарази.

Од друга страна, mRNA вакцините, на некој начин, му даваат инструкција на нашиот организам како да се справи со вирусот, без самиот вирус да биде вбризган.

gravitaciski-branovi-i-ushte-5-od-najgolemite-dostignuvanja-vo-21-iot-vek-08.JPG

Првото тестирање на mRNA вакцина на човек почна во 2001 година, а до 2010 година некои компании активно работеа на нив.

Кога почна пандемијата со корона вирусот, се појави потреба од брз развој на вакцина – нешто што не би било можно со стандардните вакцини.

Па, почна масовно да е вложува во истражувања за mRNA вакцините кои, пак, станаа многу поусовршени и имаа важна улога во смирувањето на пандемијата.

gravitaciski-branovi-i-ushte-5-od-najgolemite-dostignuvanja-vo-21-iot-vek-09.JPG

Прва фотографија од црна дупка

Ајнштајн го предвидел постоењето на црните дупки со помош на неговата Општа теорија за релативност објавена во 1915 година.

Црните дупки не се дупки, туку многу масивни небесни тела со толку силна гравитација, што не може да ѝ избега ни светлината.

gravitaciski-branovi-i-ushte-5-od-najgolemite-dostignuvanja-vo-21-iot-vek-10.JPG

Сто години по објавувањето на теоријата на Ајнштајн, постоењето на овие небесни тела не само што се смета за факт, туку беше направена и првата фотографија од црна дупка.

Со помош на телескопот Event Horizon, експертите успеаја да направат фотографија од супермасивната црна дупка која се наоѓа во центарот на Млечниот Пат, позната и како М87.

gravitaciski-branovi-i-ushte-5-od-najgolemite-dostignuvanja-vo-21-iot-vek-11.JPG

Детектирање на гравитациските бранови

Уште еден феномен што го предвидел Алберт Ајнштајн, повторно со Општата теорија за релативност.

Овие бранови се искривување на време-просторот под влијание на гравитацијата – нешто слично како брановите што се појавуваат на површината на водата кога ќе фрлиме камче во неа.

Сепак, и самиот Ајнштајн рекол дека овие бранови се толку мали, што би било невозможно да се детектираат.

gravitaciski-branovi-i-ushte-5-od-najgolemite-dostignuvanja-vo-21-iot-vek-12.JPG

Но, во 2016-та, по многу години напорна работа, научниците од MIT и Caltech успешно детектираа гравитациски бранов со помош на детекторот познат како LIGO.

Тие успеаја да детектираат гравитациски бран кој потекнува од судир на две црни дупки.

Бидејќи станува збор за многу масивни тела, нивното влијание врз време-просторот е значително поголемо, па може да се детектираат и гравитациските бранови што ги предизвикуваат.

gravitaciski-branovi-i-ushte-5-od-najgolemite-dostignuvanja-vo-21-iot-vek-13.JPG

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

НАСА објави најчисти фотки од нова област на Марс досега, откако најде можни знаци за живот на црвен... На поновите видеа и фотографии од роверот Perservance, можеме да ја видиме плане...
10-те најкомплексни машини направени досега (и за што се користат) Реактори кои пробуваат да создадат енергија како Сонцето, но и судирач на честич...
Не смеат да се тушираат – Како изгледа животот на астронаутите кои се „заглавени“ во вселената до 20... Двајцата астронаути се заглавени на Меѓународната вселенска станица поради пробл...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg