Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


5 ретки, но многу смртоносни природни феномени

Едно мегацунами може да достигне висина и до 30 метри, но, за среќа, овој феномен е навистина редок.

5-retki-no-mnogu-smrtonosni-prirodni-fenomeni-01.jpg

Ние луѓето, но и сите живи суштества, навистина сме немоќни пред природата.

Само една поголема природна катастрофа може да збриши цел град и да предизвика штета што не можеме да ја поправите со години.

Покрај вообичаените природни катастрофи за кои сме слушнале, па и сме ги искусиле, како земјотрес, постојат и други, многу поразорни, но за среќа ретки.

Пет ретки, но смртоносни природни феномени:

Мега цунами

И цунами од само метар-два може да предизвик огромна штета.

Па, можете да замислите што би се случило ако се формира бран со висина и до 30 метри.

Додека „обичните“ цунами бранови се создаваат од тектонска активност, за да настане мегацунами потребни се други услови.

Тие можат да настанат ако во водата падне нешто огромно, како голем метеор или санта мраз.

Бидејќи ваквите настани се ретки, и формирањето на мегацунами бранови е исто така реткост.

5-retki-no-mnogu-smrtonosni-prirodni-fenomeni-02.JPG

Лимничка (езерска) ерупција

Како што кажува името, езерските или лимнички ерупции се феномен кој настанува во езера.

При ваквата ерупција, од длабочините на езерото се ослободува огромно количество јаглероден диоксид.

Потоа јаглеродниот диоксид создава облак од гас во кој може да се задуши секое живо суштество.

Бидејќи станува збор за редок феномен, не е многу истражен, но експертите веруваат дека може да биде предизвикан од земјотрес или вулканска активност.

Овој феномен не може да настане во секое езеро, туку во езера каде што има услови, како голем количество на јаглероден диоксид во водата, непосредна близина на вулкан и слично.

Една од најпознатите катастрофи од овој феномен е од 1986 година, кога експлодирало езерото Ниос во Камерун и загинале 1.700 луѓе.

5-retki-no-mnogu-smrtonosni-prirodni-fenomeni-03.JPG

Бранови убијци

Овие бранови се познати по многу имиња – некаде се нарекуваат непријателски бранови, некаде бранови убијци...

Ова се огромни бранови кои се јавуваат на отворена вода, подалеку од брегот, и се проблематични бидејќи не можат да ре предвидат.

Па, во модерното морепловство, тие се можеби најголемата закана за бродовите.

Се разликуваат од цунами брановите бидејќи сепак се помали од нив, а и не настануваат поради земјотреси, туку некогаш можат да бидат предизвикани и од ветар.

5-retki-no-mnogu-smrtonosni-prirodni-fenomeni-04.JPG

Пирокластичен тек

Оваа појава е она што ги прави вулканите особено опасни.

Пирокластичниот тек претставува комбинација од топол гас и вулканска материја, кои наликуваат на река која излегува од кратерот на вулканот.

„Реката“ може да достигне брзина и до 700 километри на час, со температура од околу 1.000 степени Целзиусови.

Па, јасно е дека уништува сè пред себе.

Древниот град Помпеја бил уништен токму од пирокластичен тек кој настанал од ерупцијата на вулканот Везув.

5-retki-no-mnogu-smrtonosni-prirodni-fenomeni-05.JPG

Огнено торнадо

Во одредени услови, за време на пожар може да се создаде вид вител кој наликува на торнадо од оган.

Центарот на ова торнадо достигнува температура и до 1.000 степени Целзиусови, додека нивната висина е помеѓу 10 и 50 метри.

Иако, очигледно, станува збор за смртоносен феномен, овие торнада не траат подолго од неколку минути.

Па, шансите да видите барем едно во животот се навистина мали.

5-retki-no-mnogu-smrtonosni-prirodni-fenomeni-06.JPG

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Остров“ од ѓубре зафаќа површина 60 пати поголема од Македонија Во Тихиот Океан се наоѓа огромна депонија од отпад кој е заробен од океанските с...
10-те најкомплексни машини направени досега (и за што се користат) Реактори кои пробуваат да создадат енергија како Сонцето, но и судирач на честич...
Гравитациски бранови и уште 5 од најголемите достигнувања во 21-иот век Научниците од ЦЕРН го докажаа постоењето на Хигсовиот бозон - честичката што ѝ ј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg