6 научни теории што го променија светот (и секој треба да ги знае)

Теоријата на Ајнштајн за која слушнале сите, но и квантната теорија која го промени начинот на којшто ја гледаме нашата реалност.

6-nauchni-teorii-shto-go-promenija-svetot-i-sekoj-treba-da-gi-znae-01.jpg

Од почетоците на човечката цивилизација до денес, науката има напреднато навистина многу.

А, за денешниот напредок и денешните откритија, заслужни се и оние што ги поставиле темелите.

Шест научни теории што го променија светот:

Хелиоцентризам

Хелиоцентризам (или хелиоцентричен систем) е астрономскиот модел кој го претставил Никола Коперник во 16-тиот век.

Претходно се верувало дека Земјата се наоѓа во центарот на универзумот, а сите останати небесни тела, вклучувајќи го Сонцето, орбитираат околу неа.

Според моделот на Коперник, Сонцето се наоѓа во центарот и Земјата е таа што ротира околу него.

Коперник сметал дека Сонцето е во центарот на универзумот, што подоцна е покажано како погрешно.

Но, неговата теорија направи револуција во астрономијата и го поплочи патот за астрономските теории истражувања.

6-nauchni-teorii-shto-go-promenija-svetot-i-sekoj-treba-da-gi-znae-02.JPG

Дарвиновата теорија за еволуција

Иако еволуцијата како концепт била дискутирана и претходно, Чарлс Дарвин бил тој што ја прославил.

Тој ја претставил својата теорија во книгата „Потеклото на видовите“ издадена во 1859 година.

Според неговата теорија, сите живи суштества со текот на времето еволуираат преку процес познат како природна селекција.

Неговата книга е поткрепена со докази собирани за време на негови патувања, па затоа и привлекла внимание кај научната фела.

Оттогаш и самата теорија еволуирала, односно направени се дополнителни истражувања и откритија, но Дарвин важи за личноста која го зачнала прогресот во оваа област.

6-nauchni-teorii-shto-go-promenija-svetot-i-sekoj-treba-da-gi-znae-3.JPG

Квантна теорија

Квантната теорија е огранок кој направи револуција во физиката и целосно го промени начинот на којшто ја гледаме нашата реалност.

Теоријата се фокусира на феномените кои се случуваат на атомско и субатомско ниво и важи за една од најкомплексните, но и една од најмалку проучените.

Многу научници го дале својот придонес во теоријата, но, Нил Бор, Макс Планк и Алберт Ајнштајн важат за пионери во областа.

6-nauchni-teorii-shto-go-promenija-svetot-i-sekoj-treba-da-gi-znae-4.JPG

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

10-те најкомплексни машини направени досега (и за што се користат) Реактори кои пробуваат да создадат енергија како Сонцето, но и судирач на честич...
Најпопуларните вселенски фотографии направени досега (и зошто се значајни) Првата фотографија од црна дупка, но и фотографија од целосно затемнување на Сон...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg