Најпопуларните вселенски фотографии направени досега (и зошто се значајни)

Првата фотографија од црна дупка, но и фотографија од целосно затемнување на Сонцето стара над 100 години која ја потврдила Ајнштајновата теорија за влијанието на гравитацијата. 

najpopularnite-vselenski-fotografii-napraveni-dosega-i-zoshto-se-znachajni-01.jpg

Со развојот на технологијата за фотографирање и телескопите, денес можеме да видиме делови од универзумот кои нашите предци не можеле ни да си ги замислат.

Знаеме како изгледа нашата планета од вселената, без разлика што самите не сме ја напуштиле орбитата, а имаме видено и фотографија од црна дупка.

Досега се направени илјадници, а можеби и милиони вселенски фотографии, но постојат неколку што се истакнуваат – и поради убавината, и поради нивната важност.

Најпопуларните вселенски фотографии направени досега:

Целосно затемнување на Сонцето фотографирано од вселената

На 11-ти август 1999-та, космонаутите на вселенската станица Мир ја направија првата фотка од соларна еклипса од вселената.

Дотогаш луѓето го имаа видено овој феномен само од Земјата.

najpopularnite-vselenski-fotografii-napraveni-dosega-i-zoshto-se-znachajni-02.jpg

Првата фотографија на Хабл од Столбовите на создавањето

Повеќето фотографии од телескопот Хабл би можеле да се најдат на листата. Но, ова е фотката што можеби најмногу се истакнува.

Столбовите на создавањето се всушност маглина, а секој „столб“ е долг неколку светлосни години.

Оваа маглина се наоѓа околу 7.000 светлосни години од Земјата и е сочинета од густ гас и прашина.

Името, пак, е инспирирано од тоа што маглината е во процес на формирање нови ѕвездени системи.

najpopularnite-vselenski-fotografii-napraveni-dosega-i-zoshto-se-znachajni-03.jpg

Затемнување на Сонцето фотографирано во 1919 година

Оваа фотографија не е фасцинантна само затоа што е направена пред повеќе од 100 години. Туку, фотката ја потврдува Ајнштајновата теорија на релативноста.

Според теоријата на Ајнштајн, гравитацијата ги искривува светлината и простор-времето, но ова тогаш не било потврдено.

Па, целосното затемнување на Сонцето создало одлични услови за Ајнштајн да ја докаже својата теорија.

Фотографијата ја направил астрономот Артур Едингтон и ги одбележал положбите на ѕвездите околу еклипсата.

Но, положбите што ги одбележал тој не се вклопувале со ѕвездените мапи.

Ова потврдило дека светлината од нив се искривила под дејство на гравитацијата на Сонцето.

najpopularnite-vselenski-fotografii-napraveni-dosega-i-zoshto-se-znachajni-04.jpg

Најпознатата фотографија од Војаџер 1

„Бледа сина точка“ е фотографијата која ќе ве натера да сфатите колку сме всушност мали во споредба со универзумот.

Фотографијата е направена од леталото Војаџер 1, а малата бела точка што ја гледате е нашата планета.

najpopularnite-vselenski-fotografii-napraveni-dosega-i-zoshto-se-znachajni-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Колку луѓе имаат стапнато на Месечината? (не се само двајца) Покрај Нил Армстронг и Баз Олдрин, знаевте ли дека уште 10 астронаути имаат прош...
НАСА објави најчисти фотки од нова област на Марс досега, откако најде можни знаци за живот на црвен... На поновите видеа и фотографии од роверот Perservance, можеме да ја видиме плане...
Не смеат да се тушираат – Како изгледа животот на астронаутите кои се „заглавени“ во вселената до 20... Двајцата астронаути се заглавени на Меѓународната вселенска станица поради пробл...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg