Најпопуларните вселенски фотографии направени досега (и зошто се значајни)
Прстените на Сатурн
Леталото Касини направи илјадници фотографии од Сонечвиот систем, но дефинитивно се истакнвуа оваа од Сатурн.
На фотката се гледаат прстените на Сатурн, но и сенката што тие ја фрлаат врз планетата.
По 20 години лет, последна мисија на леталото беше да направи фотографии од Сатурн, пред да се сруши на планетата.
Замрзнатата површина на Енцелад
Енцелад е една од месечините на Сатурн, а ова е уште една фотографија од Касини.
На фотката јасно се гледа замрзнатата површина на Месечината, а благодарение на другите фотографии, астрономите научија многу за неа.
Изгревот на Земјата
Можеби најпознатата вселенска фотографија е направена од астронаутот Вилијам Андерс.
Тој беше дел од екипажот на Аполо 8, а ја направи фотографијата додека ја обиколуваа Месечината во 1968 година.
Првата вселенска прошетка без безбедносни кабли
Кога излегуваат од вселенските станици или леталата, астронаутите се поврзани со кабли.
Ако не се врзани и нешто удри во нив, поради недостатокот од триење, тие ќе продолжат да се движат во истата насока низ вселената засекогаш (или додека не удрат во нешто)
Но, во 1984 година, астронаутот Брус Мекадлес излезе од леталото без кабел.
Наместо тоа, тој на себе имаше боци со азот кои му служеа ако пропелери.
Првата фотографија од црна дупка
Не треба да објаснуваме зошто е значајна оваа фотка.
Со оваа фотографија исчезнаа сите сомнежи за постоењето на црните дупки.
Црната дупка на фотографијата е наречена Messier 87 (или М87) и се наоѓа на околу 55 милиони светлосни години од Земјата.
Нејзината маса, пак, е 6,6 милијарди пати поголема од таа на Сонцето.
Истовремено, фотографијата дополнително ги потврди теориите на Ајнштајн.
Спирова С. | Црнобело