Зошто анестезијата функционира и уште 9 прашања за кои медицината нема одговор

„Јас сум акушер – уште не знаеме што точно му дава сигнал на телото дека е време да почне породувањето“.

zoshto-anestezijata-funkcionira-i-ushte-9-prashanja-za-koi-medicinata-nema-odgovor01.jpg

Точно е дека медицината има напреднато многу, и тоа само во последните 10-тина години.

Но, исто точно е и дека постојат многу, многу работи за човечкото тело што не ни се воопшто јасни.

Има и ситуации каде лекарите и експертите знаат сè за некој процес во телото, но немаат поим зошто се одвива.

Нашето тело, заедно со мозокот, е едно од најкомплексните нешта во универзумот и сигурно ќе поминат уште многу години, можеби и векови, пред да дознаеме сè.

Во меѓувреме, погледнете за кои работи ни експертите немаат објаснување, според лекари:

„Многу медицински истражувања се правени исклучиво на мажи и не знаеме дали и како соодветствуваат со женското тело“.

„Јас сум анестезиолог. Уште не знаеме зошто вдишувањето анестетик функционира. Знаеме отприлика што се случува, но не целосно.

Во нашата сфера честопати се вели дека оној кој ќе го открие одговорот, ќе ја добие следната Нобелова награда за медицина“.

zoshto-anestezijata-funkcionira-i-ushte-9-prashanja-za-koi-medicinata-nema-odgovor-02.JPG

„Микробите и бактериите во дигестивниот систем. Иако е познато дека имаат огромна улога во дигестијата, истражувањата покажуваат дека бактериите во дигестивниот систем имаат влијание врз други делови од нашето здравје, како расположение, имунитет, па дури и мозочна функција“.

„Едно од најчудните нешта во медицината е што не постои ниту една личност која е родена слепа, а која развила шизофренија“.

zoshto-anestezijata-funkcionira-i-ushte-9-prashanja-za-koi-medicinata-nema-odgovor-03.JPG

„Јас сум акушер. Уште не знаеме што дава сигнал за да почне породувањето. Знаеме како се одвива целиот процес, но не знаеме што му кажува на телото дека е време да почне породувањето“.

„Зошто настанува ендометриозата и како да се третира ефикасно. Главната теорија е ’ретроградна менструација‘ (враќање на менструалната крв), но ова им се случува на скоро 80% од жените, а не сите имаат ендометриоза.

Што значи, сигурно има уште нешто за коешто не знаеме“.

zoshto-anestezijata-funkcionira-i-ushte-9-prashanja-za-koi-medicinata-nema-odgovor-04.JPG

„Зошто имаме алергии, особено на храна и зошто алергиите се јавуваат и кај возрасни?“

„Јас сум дерматолог. Не знаеме што точно предизвикува чешање, на молекуларно ниво.

Поради ова е тешко да се најде соодветен лек кога пациент ќе се пожали дека го чеша кожата, а нема некое конкретно заболување“.

zoshto-anestezijata-funkcionira-i-ushte-9-prashanja-za-koi-medicinata-nema-odgovor-05.JPG

„Не сум лекар но студирам молекуларна биологија. Нашиот имунолошки систем е мошне комплексен и не знаеме скоро ништо за него“.

„Не сум доктор, туку логопед. Уште не ни е потполно јасно зошто некои луѓе почнуваат да пелтечат.

Знаеме дека некогаш е поврзано со генетика и дека кај некои деца е само дел од развојот и потоа го надминуваат. Навистина е тешко да се третира“.

zoshto-anestezijata-funkcionira-i-ushte-9-prashanja-za-koi-medicinata-nema-odgovor-06.JPG

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Остров“ од ѓубре зафаќа површина 60 пати поголема од Македонија Во Тихиот Океан се наоѓа огромна депонија од отпад кој е заробен од океанските с...
5 ретки, но многу смртоносни природни феномени Едно мегацунами може да достигне висина и до 30 метри, но, за среќа, овој феноме...
Не смеат да се тушираат – Како изгледа животот на астронаутите кои се „заглавени“ во вселената до 20... Двајцата астронаути се заглавени на Меѓународната вселенска станица поради пробл...
10-те најкомплексни машини направени досега (и за што се користат) Реактори кои пробуваат да создадат енергија како Сонцето, но и судирач на честич...
НАСА објави најчисти фотки од нова област на Марс досега, откако најде можни знаци за живот на црвен... На поновите видеа и фотографии од роверот Perservance, можеме да ја видиме плане...
Колку луѓе имаат стапнато на Месечината? (не се само двајца) Покрај Нил Армстронг и Баз Олдрин, знаевте ли дека уште 10 астронаути имаат прош...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg