„Мојот маж“ и уште 3 книги што секоја жена ќе сака да ги прочита
„Мојот маж“ од Румена Бужаровска е книга за безначајните лаги (ќути да не разбере маж ми, ќути да не разберат комшиите), а и за општествените проблеми, семејното насилство, национализмот и семејните вредности. Кои други книги вреди да ги прочита секоја жена?
Книги за секоја една жена кои со својата содржина ќе ве вратат во минатото, со кои ќе се поистоветувате со сегашноста и ќе го смените размислувањето во иднината.
За бракот и заедничкиот живот, првите љубови, сексуалните проблеми и сè она што е дел од денешницата и современиот живот.
Четири книги што секоја жена би требало да ги прочита:
„Мојот маж“ – Румена Бужаровска
Збирка раскази кои раскажуваат за „премолчените проблеми” во заедницата меѓу маж и жена, сексуалните проблеми, болката, стравот и лагата, илузијата и заслепеноста која доаѓа заедно со стравот.
За безначајните лаги (ќути да не разбере маж ми, ќути да не разберат комшиите), а и за општествените проблеми, семејното насилство, национализмот и семејните вредности.
„А, она што започнало убаво како љубов, тргнало наопаку. Имаше љубов таму некогаш. Некогаш беше убаво. Како се изгуби сето тоа?“ се само дел од рецензиите.
„Емотивен манипулатор“ – Ксенија Николова
„Жртвувајќи ја среќата заради љубовта, ја загубив онаа најважната – љубовта кон самата себе. Лутејќи се на сите околу мене, најмногу се налутив на себеси. Гневот кој го чувствував, ме надвладеа. Тагата, исто така...”
Ксенија Николова знае да допре до душата на секој заљубен човек, ставајќи се во улогата и на маж, и на жена, осврнувајќи се на нивните размислувања, силни и слаби страни.
Со оваа книга ќе се изградите одново како личност, во ваша подобра верзија од претходната.
„Своја“ - Ирена Чаушевска
Книгата опфаќа различни животни предизвици со кои се среќава секоја девојка и жена на патот до својот личен и професионален успех и среќа.
Уникатно четиво за блиските пријателства, изборот на средно и високо образование, првата љубов, животниот сопатник и станувањето мајка, изборот на кариера и можностите за заработка.
„Своја“ ја покажува и можноста за целосна трансформација на жената и нов почеток доколку некои работи отишле во погрешна насока или, едноставно, не се повеќе тоа што требало да бидат.
„Женски разговори“ – Душко Радовиќ
Со уникатна проникливост и специфичен хумор, овој автор ги разбива сите стереотипи во општеството како и аномалиите на денешното живеење.
Тајните на машко-женските односи во кои ќе се пронајдат буквално сите.
М.У.Т. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





