„Најдобра во сè" - 5 книги кои треба да ги прочита секоја мајка
За сагата наречена блажена состојба и приказната за новиот зачнат живот. За секојдевните предизвици со кои се соочуваат сите родители. За ситуациите кои изнудуваат очај и нервоза, но и моментите кои сакате да ги паметите засекогаш.
Неколку предлог книги за најдобрата верзија од вас – улогата на мајка.
„Се викам МАМА" - Јелица Грегановиќ
Приказна за родителските стравови, за амбициите, расправиите, тагата, но и љубовта фантазијата и довербата во семејството.
Сторија за сите пребрежја кои се поминуваат низ родителската сага и периодите кои ги искусувате со вашите деца.
Книга која ќе ве натера во секој момент да ги гушнете своите деца и да и се јавите на вашата мајка.
„Книга за мајки" – Алисон Малони
Книга – прирачник со корисни предлози и анегдоти, совети за справување со новата улога, факти и занимливости за мајчинството.
Четиво за уметноста на мајчинството и патувањата кои следуваат низ животот, независно од возраста и генерациите.
„Свесно мајчинство“ – Нада Бучевиќ
За секоја “тазе” мајка која има многу прашања, а нема одговори. Зошто бременоста се карактеризира како “блажена состојба”?
За личниот развој кој доаѓа со бременоста и мајчинството. За зачетокот на новиот живот и промената во животот на секоја мајка.
Пораките кои ги испраќа бебето и еден вид на прирачник за сите стравови и моменти кои ги доживува мајката низ времето.
„Концепт мама“ – Александра Шекутковска Докоска
Комбинација од дневник и прирачник каде се наоѓаат многу совети и стручни сознанија на тема бременост, раѓање и мајчинство.
Ова четиво опфаќа сѐ што треба да знае една современа мајка - од водење на бременоста по гестациски недели, физичка активност, подготовка за породување и раѓање, опремување на просторот за бебето, следење на неговиот раст и развој.
За сите кои се љубители на пишаниот збор и не сакаат да поминуваат време на обуки и вебинари на овие теми, слободно набавете си ја оваа книга која ќе ви послужи понатаму во животот.
„Мудар родител - среќно бебе" – Хедвиг Монтгомери
Модерната библија на 21иот век. Книга за мајките и татковците и нивното патешествија првите две години од раѓањето на бебето.
Креацијата од бебе кое се воспитува од првиот ден па се до моментот кога почнува да оди и зборува. Како да имате среќно дете и да ја стекнете потребната самодоверба во воспитувањето.
Кои грешки ги прават родителите? Како да ја контролирате нервозата која е неизбежна во одредени моменти и како да процените што е најдобро за вашето дете.
Поучна книга, едноставна за читање, која ќе ве научи како да станете самоуверен родител каков што сонувате да постанете.
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
М. У. Т. | Црнобело