Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Три остроумни книги кои ќе ѝ го сменат животот на секоја млада девојка и зрела жена

Замислете да имате 17 години и никогаш да не сте стапнале во училница ниту сте седнале во училишна клупа… Замислете дека имате доволно храброст да донесете и спроведете некои одлуки, без стравот од неуспех, одбивање и исмевање.

Tri-ostroumni-knigi-koi-ke-i-go-smenat-zivotot-na-sekoja-mlada-devojka-i-zrela-zena-01.jpg

Замислете дека може да се вратите во минатото и да смените некои одлуки… но дали тогаш ќе бидете личноста којашто сте денес?

Ова се три остроумни книги кои треба да ги прочита секоја девојка, млада, па дури и зрела жена, за да стане подобра верзија од себеси и да си го смени животот на подобро:

Образована – Тара Вестовер

Родена во затворено, строго мормонско семејство од планините во Ајдахо, Тара Вестовер за првпат стапнала во училница на седумнаесетгодишна возраст.

Нејзиното семејство било толку изолирано од општеството што не постоел начин властите да се погрижат децата да добијат образование или пак да се вмешаат кога еден од браќата станал насилен.

Откако другиот брат на Тара се запишал на факултет, и таа решила да започне нов живот, потрагата по знаење постепено ја преобразила, ја поттикнала да го прошета светот, да се запише на Харвард и Кембриџ.

Дури тогаш се запрашала да не отпатувала предалеку, дали постои начин да се врати дома.

Tri-ostroumni-knigi-koi-ke-i-go-smenat-zivotot-na-sekoja-mlada-devojka-i-zrela-zena (1).jpg

Храбри наместо совршени – Решма Саџани

Замислете си дека живеете без страв дека не сте доволно добри. Дека не ви е гајле како изгледа вашиот живот на „Инстаграм“ или што мислат комплетните туѓинци за вас.

Замислете си дека лесно се ослободувате од чувството на вина и сте престанале да се раскинувате себеси поради ситни грешки. Што доколку, при соочувањето со секоја одлука, сте го избрале похрабриот пат?

Во „Храбри наместо совршени“, Решма споделува моќни согледувања и искуства со кои ќе ни помогне да ја надминеме нашата обука за совршено девојче и да ја направиме храброста наша доживотна навика.

Со тоа што ќе станеме храбри наместо совршени сите можеме да станеме креатори на нашиот најхрабар и најсреќен живот.

Tri-ostroumni-knigi-koi-ke-i-go-smenat-zivotot-na-sekoja-mlada-devojka-i-zrela-zena (3).jpg

Радоста на постоењето – Симона Петреска

Кога би имале можност одново да живеете, колку одлуки би промениле? Многу, зар не? Но што ако тие одлуки биле правилни, а вие не сте извлекле поуки од нив?

Минатото и погрешните одлуки можат да бидат ваши непријатели или ваши учители.

Време е да се прифатите себеси и да станете свесни за големината што ја имате во себе, а оваа книга ќе ви го овозможи тоа.

Ќе ви помогне да живеете во хармонија, да го постигнете својот духовен развој, да бидете благодарни за она што го имате и да создадете еден нов живот менувајќи ги своите мисли и уверувања.

Tri-ostroumni-knigi-koi-ke-i-go-smenat-zivotot-na-sekoja-mlada-devojka-i-zrela-zena (2).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 интригантни романи од Ксенија Николова во кои ќе уживаат и жените и мажите Нашата писателка Ксенија Николова неодамна го промовираше своето седмо дело, ром...
3 романи што (целосно) ќе ви го сменат погледот кон светот Работите не се такви како што изгледаат на интернет. Навидум невидливиот живот н...
3 романи со божиќна тематика, за непоправливите романтичари Историски роман за еден вообразен маж кој сака да ја освои својата идна сопруга,...
3 книги што ќе ви донесат духовно богатство (и мирен ум) Читате ли книги за самопомош и просветлување? Сакате ли да ги следите светските ...
Првата поетска книга од младата авторка и поетеса Викторија Стојовска - „Парчиња од себеси“ Деновиве од печат излезе „Парчиња од себеси“ - првата поетска книга од младата а...
3 предлог книги од нашата букстаграмџика Симона Мано „'Полноќната библиотека' од Мет Хејг ми е една од омилените книги. Немам доволно...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg