Речи НЕ без чувство на вина – Три книги кои ќе ви го сменат животот на подобро
Дали имате проблем да им кажете не на луѓето? Дали имате чувство дека тие постојано ве искористуваат, а вие сте константно нервозни и исцрпени поради тоа?
Имате ли навика премногу да ги анализирате работите? Или пак не можете никако да воспоставите рутина во животот и да практикувате барем една корисна навика подолго од неколку дена?
За сите овие прашања одговорите ќе ги најдете во следните три книги кои ќе ви го олеснат животот и ќе ви го сменат на подобро:
Речи НЕ без чувство на вина – Дејмон Захаријадес
ПРЕСТАНИ ДА ИМ УГОДУВАШ НА ДРУГИТЕ! Научи како да поставиш граници и како слободно да кажеш НЕ – без чувство на вина! Зарем не ти досади тоа што луѓето те искористуваат?
Дали си уморен/на од колегите, пријателите, па дури и роднините што си земаат за право да го користат твоето време и очекуваат да им бидеш достапен кога ѝ да им затреба нешто?
Ако е така, тогаш ова е вистинска книга за тебе – Речи НЕ без чувство на вина!
Атомски навики – Џејмс Клир
Дали тешко ги менувате своите навики? Ако е така, проблемот не сте вие. Проблемот е во вашиот систем. Лошите навики се повторуваат одново и одново, не затоа што вие не сакате да се промените, туку затоа што имате погрешен систем за промена.
Оваа книга содржи проверен и докажан систем, кој може да ве издигне до нови височини.
Ќе научите како: да најдете време за нови навики; да го надминете недостигот на мотивација и на волја; да ја промените својата околина за да бидете поуспешни; да се вратите на патот кога ќе скршнете од курсот и уште многу нешта…
Како помалку да се мисли – Кристел Петитколен
Блиските ти велат дека поставуваш премногу прашања. Во твојата глава секогаш нешто се виори – понекогаш сонуваш за да притиснеш на тастатурата и да го исклучиш умот.
Имаш впечаток дека си од друга планета. Не успеваш да го пронајдеш своето место. Се чувствуваш несфатено.
Дали некоја од овие реченици те опишува токму тебе? Ако е така, сигурно ќе се препознаеш во профилот на исклучително размислувачка личност.
Да се биде исклучително размислувачки е навистина заморно, ама твојот мозок – е токму тој што премногу размислува – тој е вистински скапоцен камен.
(О)Милена | Црнобело
Би можело да ве интересира:





