10 филмови за оние кои едвај чекаат да почне есента

Julie & Julia

Снимен според вистинска приказна, Julie & Julia е филм совршен за оние кои сакаат да готват.

Дејството на филмот се одвива во два периода – во сегашноста се фокусира на животот на надежната готвачка Џули, додека во минатото раскажува како Џулија Чајлд станала една од најпознатите готвачки во САД.

A Haunting in Venice

За љубителите на детективските приказни, овде е најновиот филм со Херкул Поаро.

Во филмот од 2023-та, пензионираниот Поаро присуствува на чудна сеанса во опседната куќа во Венеција и повторно се вплеткува во мистерија која треба да ја реши.

The Dig

Филмот е снимен според вистинска приказна – откривањето на две ангро-саксонски гробници во Англија со голема вредност.

Дејството е сместено во 1930-тите, кога богата жена најмува археолог аматер за да истражи област на нејзиниот огромен имот.

И, тој ги наоѓа гробниците, заедно со брод.

Sherlock Holmes

Уште еден филм за љубителите на детективски приказни, овој пат со познатиот Шерлок Холмс.

Роберт Дауни Џуниор го глуми омилениот детектив кој заедно со неговиот партнер, доктор Вотсон, се обидува да фати сериски убиец.

Legends of the Fall

Со Бред Пит во главната улога, дејството на филмот е сместено на почетокот на 20-тиот век.

Филмот опфаќа скоро 50 години од животот на тројца браќа и нивниот татко кои се соочуваат со низа историски настани, како Првата светска војна.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
Хали Бери не се туширала, Кристијан Бејл јадел живи црви: Одвратни работи што актерите ги направиле ... За да го долови очајот на неговиот лик на затвореник во Rescue Dawn, Кристијан Б...
10 филмови со силни и инспиративни жени во главните улоги Бремена тинејџерка која носи тешка одлука за најдоброто на нероденото дете, сред...
Илуминати, фотографии од разголени жени – „Скриени“ пораки во постарите анимирани филмови на Дизни Во кадар од постара верзија цртаниот филм The Rescuers, јасно се гледа фотографи...
10 филмови на Нетфликс снимени според вистински приказни First They Killed My Father е потресен филм во режија на Анџелина Џоли кој ја по...
Актери со огромна (и вознемирувачка) возрасна разлика кои глумеле романтични парови Гвинет Палтроу имаше само 26 години кога глумеше во Perfect Murder со тогаш 54-г...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg