10 филмови за оние кои едвај чекаат да почне есента
За љубителите на детективските приказни, овде е A Haunting in Venice, а ако сакате нешто помрачно, изгледајте го The Village.
Од есента нè делат само неколку денови, а ако едвај ја чекате, сигурно ќе ви годи филм кој ќе ве асоцира на омиленото годишно време.
10 филмови што треба да ги изгледате ако едвај ја чекате есента:
Mona Lisa Smile
Со одлична актерска екипа што ја сочинуваат Џулија Робертс, Кирстен Данст и Џулија Стајлс, Mona Lisa Smile е совршен за ноќ со другарките.
Главниот лик е професорка по историја на уметност во женски колеџ која ги мотивира своите студентки да им се спротивстават на застарените социјални норми наметнати на жените.
Can You Ever Forgive Me?
Снимен според вистинска приказна, Can You Ever Forgive Me се фокусира на авторка на биографии на познати личности.
По неуспехот од биографијата на Есте Лодер, авторката се соочува со финансиски проблеми, но и алкохолизам.
The Age of Adaline
Забавна фантазија со Блејк Лајвли во главната улога.
Таа ја глуми Адалин, жена која осум децении има 29 години.
Откако се вљубува и ги запознава родителите на дечко ѝ, се изложува на ризик нејзината тајна да биде разоткриена.
The Edge of Seventeen
Главниот лик е Надин, тинејџерка која има проблеми во односот со мајка ѝ и брат ѝ.
И, кога мисли дека животот не може да ѝ тргне на полошо, нејзината најдобра пријателка почнува да излегува со брат ѝ.
The Village
Ако сте расположени за нешто помрачно, тогаш изгледајте го The Village.
Дејството е сместено во гратче во Пенсилванија каде локалците живеат според строги правила и никако не го напуштат.
Но, кога една личност е повредена, слепа девојка оди да бара помош надвор од гратчето.