10 филмови со силни и инспиративни жени во главните улоги
Бремена тинејџерка која носи тешка одлука за најдоброто на нероденото дете, средовечна жена која се жртвувала за семејството и се изгубила себеси, храбра самохрана мајка која сама се соочува со моќна корпорација…
За жал, и денес моќните женски ликови во филмовите не се така чести. А, неретко, дури и кај силните женски ликови се става акцент на нивниот изглед и сексапил и ретко гледаме филм кој ги претставува предизвиците и битките кои ги водат жените во реалноста.
Но, сепак, постојат филмови со одлично напишани женски ликови кои се инспиративни и во кои би се пронашле многу девојки и жени.
10 филмови со силни жени во главните улоги:
Erin Brokovich
Erin Brkovich ја раскажува битката на жена која сама се соочува со огромна корпорација која ја загадува водата во нејзиниот град.
Снимен според вистинска приказна, во филмот ја гледаме Ерин – самохрана, невработена мајка која никој не ја сфаќа сериозно и поради социјалниот статус, и поради нејзиниот пол.
Но, Ерин покажува дека е повеќе од способна да ја добие правдата.
Fargo
Забавен и на моменти комичен трилер кој навистина покажува дека жените се незапирливи.
Главниот лик е полицајката Марџ која и во поодмината бременост, пробува да реши убиство во нејзиниот град и прави сето тоа да изгледа мошне лесно.
Inglorious Basterds
Несомнено еден од најдобрите филмови на Тарантино се фокусира на одмаздата на млада Еврејка за време на Втората светска војна.
Нацистите ѝ го убиваат семејството, па заедно со неколку еврејски војници, таа смислува план за да му се одмазди на нацистички генерал, па дури и на самиот Хитлер.
Where’d You Go Bernadette
Снимен според истоимената книга, Where’d You Go, Bernadette е филм во кој ќе се пронајдат многу жени кои можеби се чувствуваат изгубено.
Бернадет е грижлива мајка која целиот живот се жртвувала за семејството. Сакајќи да си ја врати страста во животот, тргнува на необична и несекојдневна авантура.
V for Vendetta
Сместен во тоталитарна Британија, V for Vendetta e дистописки филм во кој главната улога ја има токму жена.
Сакајќи да се ослободи од опсесивната власт, млада девојка се здружува со маж кој делува дури и како терорист.