Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија
По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е National Treasure со Николас Кејџ во главната улога…
Зарем ви се верува дека поминаа повеќе од 20 години од 2000-та?
Поп културата во раните 2000-ти имаше посебна магија. Имавме некоја примитивна технологија колку да се чувствуваме модерно, но не знаевме да ја користиме најдобро.
И, сите ги гледавме истите филмови и серии, ги читавме истите книги, бидејќи нешто друго не ни беше достапно.
Во продолжение 10 филмови кои ќе ве вратат во раните 2000-ти:
Mr. & Mrs. Smith
Филмот за кој се верува дека „му пресуди“ на бракот на Бред Пит и Џенифер Анистон во реалноста.
Во филмот, Пит и Анџелина Џоли се во брак, несвесни за фактот дека и двајцата се тајни агенти.
Нивниот живот тргнува во нова насока кога дознаваат дека нивните агенции ги најмиле да се убијат еден со друг.
Twilight
Без разлика што мислите за Twilight, ако сте биле тинејџер/ка во 2000-тите, не веруваме дека сте го пропуштиле филмот (па и книгите).
Главниот лик е Бела Свон, средношколка која се вселува во дождливо гратче кај татко ѝ.
Овде се вљубува во Едвард Кален кој е ништо друго, туку вампир.
The Devil Wears Prada
Со Ен Хатавеј и Мерил Стрип во главните улоги, ова е филм во кој многумина уживаат и денес.
Ликот на Стрип е инспириран од единствената Ана Винтур, додека Хатавеј глуми млада девојка која се вработува како асистентка на главната уредничка на престижно модно списание.
The Ring
Веројатно не постои хорор филм кој ве плашел повеќе од The Ring.
Дејството се фокусира на морничава видеокасета со уште поморничави сцени на кои се гледа девојка која излегува од бунар.
Оној кој ќе ја изгледа касетата, добива телефонски повик и закана дека ќе умре за седум дена…
The Fast and the Furious
Fast and Furious е серијалот кој чекаме да заврши веќе неколку години (бидејќи така најавуваа креаторите), но скоро секоја година добиваме ново продолжение.
Во најпрвиот филм, главниот лик Доминик и неговите пријатели почнуваат да го привлекуваат вниманието на полицијата поради трките со автомобили, но и неколку кражби.