Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија
National Treasure
По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е National Treasure со Николас Кејџ во главната улога.
Кејџ глуми маж кој трага по изгубени богатства, а за да го најде најголемото (и најважното), се осмелува да проба да ја украде Декларацијата за независност на САД.
Ocean’s Eleven
Бред Пит, Џорџ Клуни, Мет Дејмон и Џулија Робертс се дел од одличната актерка екипа во можеби најдобриот филм со кражби.
Тие се дел од тим кој тргнува на малку луда мисија – сакаат да го ограбат сефот на едно од најголемите казина во Лас Вегас.
Pirates of the Caribbean: The Curse of the Black Pearl
Можеби најпрепознатливиот лик на Џони Деп е единствениот капетан Џек Спероу.
Во првиот дел од серијалот (кој веќе има пет продолженија), капетанот Џек пробува да си го врати бродот.
Но, открива дека сегашниот капетан и екипажот се проколнати бидејќи украле древно ацтечко злато.
Taken
„I will find you and I will kill you“ е култна фраза што е доста популарна и денес, а ја изговара никој друг, туку Лијам Нисон во Taken.
Во филмот, тој глуми пензиониран агент на ЦИА чија ќерка е киднапирана во Европа.
Па, тргнува на мисија за да ја спаси.
Finding Nemo
Можеби еден од најдобрите и најомилените филмови на Pixar.
Ликовите се морски суштества, додека главните се татко и син кои се риби.
Кога синот Немо исчезнува, таткото тргнува на долг пат низ океанот за да го најде.
Спирова С. | Црнобело