10 филмови на Нетфликс снимени според вистински приказни

First They Killed My Father е потресен филм во режија на Анџелина Џоли кој ја покажува суровоста на војната низ детските очи.

10-filmovi-na-netfliks-snimeni-spored-vistinski-prikazni01.jpg

Филмовите снимени според висински приказни се секогаш забавни за гледање.

Можат да бидат едукативни и неретко покажуваат страни од луѓето кои не ги гледаме секојдневно.

Некогаш, овие филмови се и потресни бидејќи ја покажуваат и нашата суровост.

Дел од најдобрите филмови на Нетфликс кои се снимени според вистински приказни:

Ford v Ferrari

Со Кристијан Бејл и Мет Дејмон во главните улоги, филмот е снимен според животот на дизајнерот на автомобили Карол Шелби и тркачот Кен Мајлс.

Тие се здружуваат за да направат автомобил за компанијата Ford, со цел да ја предизвикаат Ferrari на трка во 1966 година.

Moneyball

Бред Пит го глуми Били Бин, менаџер на кошаркарски тим од Калифорнија.

По поразот на тимот, тој се здружува со студент од Јејл и прави нова селекција за тимот со модел кој дотогаш не бил искористен во кошарката.

Nаrvik

Голем дел од ликовите во филмот се измислени, но дејството е инспирирано од вистински историски настан.

За време на Втората светска војна, гратчето Нарвик во Норвешка станува извор за железна руда за воена машина на Хитлер.

Филмот ја претставува битката што се одвивала таму од април до јуни 1940 година.

The Laundromat

Забавен филм со Мерил Стрип во главната улога кој е инспириран од протекувањето на панамските документи преку кои јавноста дозна за „офшор“ сметките на богаташите.

Некои детали се фиктивни, како ликот на Стрип, но филмот е мошне добро направен, а на моменти и едукативен.

А, покрај Стрип, во филмот ги гледаме и Гери Одлман и Антонио Бандерас.

The Boy Who Harnessed the Wind

Емотивен филм инспириран од висинската приказна за 13-годишно момче од Малави.

Откако е избркано од училиштето бидејќи родителите не можат да ја покријат школарината, момчето се искрадува во училишната библиотека и учи како да направи ветерница за да му помогне на неговото село.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

10 филмови што ќе ве внесат во есенско расположение Ако сакате крими приказна, изгледајте го Clue, a доколку сакате филм со доза маг...
10 авантуристички филмови кои ќе ве „прошетаат“ низ светот Вистински приказни, но и необични, забавни авантури кои завршуваат со духовно бу...
Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
Хали Бери не се туширала, Кристијан Бејл јадел живи црви: Одвратни работи што актерите ги направиле ... За да го долови очајот на неговиот лик на затвореник во Rescue Dawn, Кристијан Б...
Илуминати, фотографии од разголени жени – „Скриени“ пораки во постарите анимирани филмови на Дизни Во кадар од постара верзија цртаниот филм The Rescuers, јасно се гледа фотографи...
Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg