Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


10 филмови на Нетфликс снимени според вистински приказни

Seven Years in Tibet

Постар филм со Бред Пит во главната улога поради кој ќе се вљубите во Тибет.

Филмот ја раскажува вистинската приказна на планинар од Австрија кој по бегството од затвор, стигнува до светиот град Ласа.

Овде се спријателува со сегашниот Далај Лама и создаваат пријателство кое трае целиот живот.

The Good Nurse

The Good Nurse ги прикажува злосторствата на Чарлс Кулен, болничар кој додека работел во Пенсилванија и Њу Џерси, убил 40 пациенти.

Меѓу главните ликови е медицинска сестра и колешка на болничарот која дознава за неговите злосторства.

Society of the Snow

Снимен според можеби најлудата вистинска приказна за преживување, Society of the Snow покажува на што е способен човекот за да преживее.

Во 1970-тите, авион на компанија од Уругвај се урива на Андите, а преживеаните патници мораат да направат сè, дури и да се потпрат на канибализам, ако сакаат да преживеат.

The Trial of the Chicago 7

Филмот е снимен според едно од најпознатите судења во историјата на САД.

Главните ликови се седум луѓе кои протестираат против Виетнамската војна во 1960-тите, по што се уапсени и обвинети за заговор против државата.

First They Killed My Father

Потресен филм во режија на Анџелина Џоли кој ја прикажува суровоста на војната низ очите на 5-годишно девојче.

Дејството е сместено во 1970-тите во Камбоџа, во период кога на власт дошле Црвените Кмери.

Девојчето и семејството бегаат за да се заштитат, но откако татко ѝ е погубен, почнува вистинскиот хорор.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

10-те најгледани филмови на Нетфликс за 2024-та досега Новиот научнофантастичен филм на Џеј Ло, како и морничавиот шпански филм снимен ...
Контроверзни моменти од популарни романтични филмови (и серии), кои денес се критикувани „Pretty Woman не е романтична бајка, туку филм за проститутка која станува дама ...
10 авантуристички филмови кои ќе ве „прошетаат“ низ светот Вистински приказни, но и необични, забавни авантури кои завршуваат со духовно бу...
Хали Бери не се туширала, Кристијан Бејл јадел живи црви: Одвратни работи што актерите ги направиле ... За да го долови очајот на неговиот лик на затвореник во Rescue Dawn, Кристијан Б...
10 филмови кои не добија Оскар, но дефинитивно го заслужија Иако No Country for Old Men е одличен филм и си го заслужи Оскарот, истото може ...
Илуминати, фотографии од разголени жени – „Скриени“ пораки во постарите анимирани филмови на Дизни Во кадар од постара верзија цртаниот филм The Rescuers, јасно се гледа фотографи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg