10 филмови кои ќе „ви прават друштво“ кога се чувствувате осамено
Moon
Уште еден научнофантастичен филм кој се фокусира на изолација и осаменост, но овој пат на Месечината.
Главниот лик е Сем, астронаут кој работи на лунарна станица и по три години на Месечината, очекува да се врати дома.
Друштво му прави само компјутерот во станицата.
Taxi Driver
Taxi Driver е веќе култен филм и, според многумина, еден од најдобрите на Роберт Де Ниро.
Главниот лик е ветеран од Виетнамската војна кој навечер работи како таксист во Њујорк.
Откако ќе спаси малолетна проститутка, одлучува да го „исчисти“ градот од криминал и корупција.
Wall-E
Емотивен, сладок и забавен анимиран филм чие дејство станува сè пореалистично.
Главниот лик е малиот робот Wall-E чија задача е да го исчисти отпадот на Земјата.
И, роботот продолжува со чистење, долго откако луѓето морале да ја напуштат планетата поради загадувањето...
127 Hours
Возбудлив и на момент вознемирувачки, 127 Hours е снимен според вистински настан.
Главниот лик, кој го глуми Џејм Франко, оди да истражува кањон во Јута, кога паѓа во бездна, а раката му се заглавува под камен.
А, за да преживее, мора самиот да си ја пресече.
Wild
Повотрно филм инспириран од вистинска приказна, но овој пат со фокус на духовното будење на главниот лик.
По низа трагедии, Шерил одлучува да ја изоди патеката Pacific Crest Trail долга 1.770 километри.
Самотијата по патот ја присилува да се справи со своите демони, но и да најде нова љубов за животот.
Спирова С. | Црнобело