10 филмови кои ќе „ви прават друштво“ кога се чувствувате осамено
The Martian, Her, Cast Away – постојат бројни филови каде што главните ликови се осамени, но неретко учат нешто важно за себе, токму поради самотијата.
Само затоа што сте сами, не значи дека треба да се чувствувате мизерно.
Некогаш самотијата е и добра за нас и ни дава можност да направиме рефлексија на нашите мисли и чувства.
Истовремено, ова е период кога можеме да уживаме во нешто што нам ни се допаѓа, како филм.
Ако сте сами (или осамени) сигурно ќе ви годат филмови каде што и ликовите се во иста или слична положба.
10 филмови каде самотијата и осаменоста се главни теми:
The Martian
Снимен според истоимената книга, The Martian, со Мет Дејмон во главната улога, е најреалистичниот научнофантастичен филм што ќе го изгледате.
Главниот лик е Марк Ватни, астронаут кој останува „заглавен“ на Марс и мора да најде начин да преживее додека да слета екипажот од следната мисија.
Lost in Translation
Со Скарлет Јохансон и Бил Муреј во главните улоги, Lost in Translation на Софија Копола ќе направи да се вљубите во Токио.
Скарлет глуми млада девојка која со сопругот е дојдена во Токио, но се чувствува осамено.
Ликот на Муреј е средовечен актер кој исто така е во Токио, и меѓу нив се раѓа необично пријателство.
Life of Pi
Главните ликови се 16-годишно момче и… тигар.
По бродолом, момчето останува заглавено во чамец среде Тихиот Океан, со тигар, и пробува да преживее.
Her
Her е филм кој денес изгледа многу пореалистичен откако кога беше премиерно прикажан.
Главната улога ја има Хоакин Феникс кој глуми осамен маж кој купува оперативен систем со вештачка интелигенција, дизајниран да ја задоволи секоја негова потреба.
Но, постепено се вљубува во оперативниот систем…
Cast Away
Инспириран од приказни и книги како „Робинзон Крусо“, Cast Away се фокусира на премрежијата на маж кој останува заглавен на пуст остров.
Ликот кој го глуми Том Хенкс преживува авионска несреќа, но сега треба да се надмине себеси – и психички и физички – ако сака да преживее на островот.