Бредли Купер повторно се разочара, Oppenheimer издоминира - Листа на победници на Оскари 2024
Најдобар филм е Oppenheimer на Кристофер Нолан кој воедно доби статуетка за најдобра режија, а Рајан Гослинг не освои статуетка за улогата во Barbie, без разлика што филмот беше огромен хит летово.
Синоќа (10.03) се одржа 96-тото издание на Оскарите. И, веројатно претпоставувате дека Oppenheimer на режисерот Кристофер Нолан доминираше на доделувањето и освои седум статуетки.
Килијан Марфи, кој ја има главната улога, конечно и го доби заслужениот Оскар, а истото важи и за Нолан кој низ годините имал осум номинации, но ниту една победа.
Режисерот освои статуетка за најдобра режија, а Oppenheimer беше прогласен и за најдобар филм.
Ема Стоун, пак, освои статуетка за најдобра актерка во главна улога за изведбата во Poor Things, кој беше одлично прифатен и од критичарите, и од публиката.
Ема Стоун
Иако покрај Oppenheimer, и Barbie беше филмот кој го одбележа летото 2023, уникатниот филм на Грета Гервиг освои само една статуетка, и тоа за најдобра оригинална песна.
Обидите на Бредли Купер да освои Оскар уште еднаш се покажаа неуспешни - неговиот филм Maestro (кој самиот го режираше) беше номиниран во неколку категории, но не освои статуетка ни за најдобра машка улога, ни за најдобар филм.
Изненадувачки, во категоријата најдобар анимиран филм не победи филм на Pixar, туку филм во режија на добропознатиот јапонски режисер Хајао Мијазаки.
Во продолжение, листата на победници на Оскари 2024:
- Најдобар филм – Oppenheimer
- Најдобр актер во главна улога – Килијан Марфи во Oppenheimer
- Најдобра актерка во главна улога – Ема Стоун во Poor Things
- Најдобар актер во споредна улога – Роберт Дауни Џуниор во Oppenheimer
Роберт Дауни Џуниор
- Најдобра актерка во споредна улога – Да’Вин Џој Рендолф во The Holdovers
- Најдобра режија – Кристофер Нолан за Oppenheimer
Кристофер Нолан
- Најдобар анимиран филм – The Boy and the Heron
- Најдобро адаптирано сценарио – American Fiction
- Најдобро оригинално сценарио – Anatomy of a Fall
- Најдобра кинематографија – Oppenheimer
Екипата од Oppenheimer
- Најдобра костимографија – Poor Things
- Најдобар документарец – 20 Days in Mariupol
- Најдобар меѓународен филм – The Zone of Interest
Режисерот на The Zone of Interest - Џонатан Глејзер - со освоената статуетка
- Најдобра шминка – Poor Things
- Најдобра оригинална музика – Oppenheimer
- Најдобра оригинална песна – What Was I Made for? од филмот Barbie
Целата листа на победници можете да ја погледнете ТУКА.
Спирова С. | Црнобело